Приведени уште четири лица за случајот „Бачило“

 bacilo

23.01.2007   Министерството за внатрешни работи (МВР) приведе уште четири лица вмешани во случајот „Бачило“ и спорната денационализација.

Како што соопшти денеска МВР, пред истражниот судија, кој ја води постапката изведени се нотарот М.Ќ. (роден 1963) од Скопје, пензионерот К.И. (роден 1958г.) од Велес, ветеринарот М.А. (роден 1959г) од Тетово и Д.С. (роден 1958г) од Штип, вработен како полицаец во Тетово.

Постои основано сомнение дека лицата се инволвирани во случајот, така што Д.С. изготвил службена белешка за извршен увид на гранатираното бачило, ветеринарот М.А. издал три потврди за кои се претпоставува дека се невистини во однос на бројката на стадото кое било прегледано од негова страна, а нотарот М.Ќ. заверувал дел од спорните хипотекарни договори за денационализација на државното земјиште.
 

Прочитај повеќе

Нови 60 ревизори ќе го контролираат трошењето на државн

 minfin

17.01.2007 Нови 60 внатрешни ревизори ќе проверуваат како одговорните во министерствата и во буџетските институции ги трошат државните пари. Тие годинава ќе се вработат во државната администрација и ќе им се приклучат на сегашните 40 контролори, чија задача е да откриваат дали државните службеници работат чесно и домаќински, или, пак, влегуваат во зоната на незаконско и ненаменско трошење на буџетските средства. На оваа одговорна задача новите 60 ревизори ќе стапат откако ќе поминат специјални обуки во Министерството за финансии, на кои ќе мора да научат многу вештини, како што се ревизија на јавните набавки, откривање ризици, спречување измами и слично. Од нив, 40 ќе бидат ангажирани на централно ниво, а на локално ќе одат 20 нови ревизори, кои ќе го контролираат трошењето на општинските пари.

Овој проект ќе чини еден милион евра, а во него твининг-партнер на нашето Министерство за финансии е владата на Кралството Холандија. 

Прочитај повеќе

12 поранешни функционери не пријавиле имот

 16.01.2007 Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе поднесе барања за поведување прекршочни постапки против 12 поранешни функционери. Ова, како што е соопштено, било заклучено на денешната седница на Државната комисија за спречување на корупција. Комисијата заклучила дека лицата против кои се поднесени барањата за прекршочна постапка го прекршиле членот 33 став 2 од Законот…

Прочитај повеќе

Одговорност за раскрчмување на црковниот имот?

izgrev 

16.01.2007 Двата земени кредита за хотелот "Изгрев" не се единствените кои ги подигнала фирмата на МПЦ и браќата Миладинови, дознава "Вечер" од банкарски извори. Според нив, за целата работа поднесена е и пријава до надлежните државни органи, поради неможноста на банките да си ги наплатат парите. Ова е втор мега-финансиски скандал кој ја потресува МПЦ. Првиот беше Говрлево, кога скопскиот митропилит и поглавар Стефан, без знаење на црковните органи, дозволи , па експресно го раскина договорот за продажба на црковниот имот на Цементарницата "Усје".
Кријат ли аферите Говрлево и Калишта уште многу црковни скандали поврзани со имотот на МПЦ и нејзиното материјално-финансиско работење? До кога македонските архијереи ќе ги ги оставаат скандалите под тепих?
Случајот со продажбата на имотот во Говрлево заврши без никаква одговорност за никого. Иако договорот со Цементарницата "Усје" беше склучен без знаење на црковните тела, само ден пред синодската седница на која се најавуваше одговорност за инволвираните во случајот, купо-продажниот договор беше експресно раскинат. Архиепископот Стефан се вадеше пред владиците дека тоа е епархиско прашање и дека договорот е раскинат и од тие причини, било беспредметно да се разговара за завршена работа!

Прочитај повеќе

Основен Суд Скопје 2 незаконски трошел пари

 sud-vnatre

12.01.2007 Неспроведувањата на постапки за јавни набавки, како и несоодветно спроведените постапки создаваат можност за измами, грешки, злоупотреба, корупција и набавки по зголемени цени – сметаат ревизорите
Основен суд Скопје 2 во текот на 2005 година извршил набавки од добавувачи, кои не се избрани како најповолни понудувачи и тоа набавки по повисоки цени, утврди Државниот завод за ревизија. За набавка на фотокопир хартија која не е вршена од избраниот најповолен понудувач туку од Фикс-2 ДООЕЛ Пробиштип бил исплатен износ од 555 илјади денари. Со набавката на 2045 пакувања фотокопир хартија по цена од 271 денар која е зголемена за 76,7 денари во однос на понудената на Судот му била нанесена материјална штета за износ од 157 илјади денари. По поголема цена биле набавени и печатени обрасци од повеќе добавувачи Академик Димко, Дуник ДООЕЛ и Алком ДООЕЛ, сите од Скопје, по цени кои се зголемени во однос на понудените. Без постапка за јавна набавка биле потрошени 7.408 илјади денари од кои 3.041 илјада денари се исплатени од сметката за редовно работење.
– Судот како корисник на парите од Буџетот на Македонија пристапил кон склучување на договори за набавка на печатени материјали со добавувачот Фикс-2 ДООЕЛ од Пробиштип и за набавка на тонери со добавувачот Еви Интернационал од Скопје, спротивно на Законот за јавни набавки, по кој истите се сметаат за ништовни, поради пристапување кон склучување договор без Судот да ги извести понудувачите за недобиената согласност за склучување на договор – стои во ревизорскиот извештај.

Прочитај повеќе

„Бачило“ и „Оружје“ ја одбележаа 2006

 bacilo

02.01.2007  Случаите „Бачило“ и „Оружје“ ја одбележаа изминатата 2006 година во Македонија во поглед на корупцијата и борбата против.

Вака решија 19 главни уредници на национални медиуми кои учествуваа во третата годишна анкета на Независната новинска агенција „Макфакс“ и на невладината организација „Нулта корупција“.

Случајот „Бачило“, кој влече корени уште од 2004, со сета своја жестина се појави на почетокот на минатата 2006, кога стигнаа правосилните пресуди за исплата на над 700 илјади евра државни пари, на име на отштета на овчарот Иснифарис Џемаили.

Во судска постапка полна со пропусти, особено во поглед на заштита на државниот интерес, било докажано дека Македонија во 2001 му убила 900 овци на Џемаили и му уништила над 1000 канти сирење.

За овој настан како најкоруптивен во 2006 гласаа 13 од 19-те главни уредници колку што учествуваа во анкетата.

Прочитај повеќе

Царинската управа ќе се бори со корупцијата

bribe28.12.2006         Царинската управа ќе врши годишен надзор врз имотната состојба на царинските работници за да ја спречи корупцијата, најави директорот Ванчо Каргов на вчерашната средба со новинарите. Каргов нагласи дека Царината во иднина ќе има цел да ја штити економијата и да ја спречи нелојалната конкуренција.

– Ние не водиме политика. Ние извршуваме и ги спроведуваме законите. Цел ни е да го забрзаме протекот на стоки и услуги, да го унапредиме бизнис амбиентот, да ја сузбиеме нелојалната конкуренција преку спречување на нелегалата трговија со акцизни и други стоки – изјави тој.

Во рамките на спречување и намалување на корупцијата Царината ги интензивирала внатрешните контроли и истраги.

 

Прочитај повеќе

Случајот „Бачило“ во рацете на Врховниот суд

udripariИднината на предметот „Бачило“ од пред неколку дена се наоѓа во рацете на Врховниот суд, откако Јавното правобранителство побарало целосна ревизија на случајот, а Јавното обвинителство го уважило барањето за заштита на законитоста. Со тоа, од Врховниот суд зависи дали ќе се повтори судењето за случајот „Бачило“.

Од Јавното правобранителство потврдуваат дека ги искористиле сите вонредни правни лекови за да се повтори постапката за случајот „Бачило“, со оглед на текот на настаните што се случија во последниов месец. Јавното обвинителство го уважило барањето за заштита на законитоста минатата недела, па во Врховниот суд набргу ќе се донесе конечна одлука. И скопскиот Основен суд 1 и Апелацискиот суд досега ги одбија барањата за повторување на постапката за случајот „Бачило“ што ги поднесе Јавното правобранителство. Конечната одлука, по вонреден правен лек, ќе ја донесе Врховниот суд.

Прочитај повеќе

„ Нулта Корупција“ во борба против корупцијата

press1.jpg08.12/.2006      Борбата против корупцијата и преку воведување на анти-корупциски програми во основните училишта, е основната определба на новата невладина организација, предводена од Слаѓана Тасева и Мето Јовановски.

Организацијата која во јавноста ќе го употребува името „Нулта корупција“, е нова невладина организација која произлезе од распаднатата „Транспарентност Македонија“, откако на нелегален начин за нејзин претседател беше именуван Сашо Орданоски

Програмите и определбите на организацијата беа промовирани денеска во Скопје, при што беше нагласено дека организацијата не е членка на меѓународното движење „Transparency Internatiоnаl“, но дека има намера што поскоро да стане дел од семејството на угледната меѓународна организација.

Претседателот на организацијата Мето Јовановски истакна дека „организацијата ќе настојува да ги задоволи сите критериуми за да стане полноправна членка на „Transparency Internatioanl“.

„Ние се надеваме дека тоа ќе го постигнеме, бидејќи кај нас постои решеност да се посветиме што поцелосно на борбата против корупцијата“, додаде Јовановски.

Прочитај повеќе