Основците учат како да се откажат од слободата!
05.11.2014 Убаво стокмени корици со многу фотографии, примери и фино објаснета цел е првиот впечаток кога ќе го земете в раце учебникот по граѓанско образование за осмо одделение. Учениците, барем според описот во наставната програма, треба да научат како функционира современото општество, да учат за придобивките во областа на човековите права и слободи и нивната непосредна заштита.
Зборот „слобода“ дури и премногу често се спомнува во наставната програма по овој предмет – сето тоа со цел на 14-годишните идни академски граѓани да им се развие свеста што значи власта, но истовремено и што значи слободата, што значи моќта, но и како таа може да се злоупотреби.
И дотука сè е во ред, додека не стигнете до 14-та страница од учебникот, кога наидувате на дел кој во целост се коси со она што треба да значи „слобода на граѓанинот“.
Во лекцијата за „лојални граѓани“, меѓу другото, се вели дека „лојалните граѓани секогаш се подготвени да ги следат правилата и прописите во општеството и ПО ЦЕНА ДА МОРААТ ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД СВОИТЕ СЛОБОДИ“!