Поткуп, Корупција и Непотизам – секојдневие за студентите!!
22.02.2013 Само грчкиот посредник во аферата “Телеком” наводно ги задржал оригиналните тајните документи потпишани од македонските владини функционери во 2005 година, стои во одлуката на судијата Ричард Саливан од Јужниот окружен суд во Њујорк, која датира од 08 февруари годинава. Со одлуката судијата Саливан го одбил барањето на обивентите челници на “Маѓар” и на “Дојче Телеком”, Елек Штрауб, Томаш Морваи и Анраш Балог, судот во Њујорк да се прогласи за ненадлежен во процесот во кој Американската комисија за хартија од вредност го води против нив.
21.02.2013 Транспаренси интернешнел – Македонија" вчера до јавниот обвинител Мар-ко Зврлевски испрати нови документи од судскиот процес против „Маѓар телеком" во САД, во чија документацијата се наоѓаат имиња на високи македонски функционери од периодот меѓу 2005 и 2006 година. Станува збор за докази кои ги доставиле токму обвинетите Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамас Морваи на 19 декември минатата година и тие сега се достапни на Интернет.
Тројцата беа челници во „Маѓар телеком" во периодот кога, според Американската комисија за хартии од вредност, телекомуникациската компанија ги поткупила македонските функционери со околу 5 милиони евра, со што наводно се одложило воведувањето на третиот мобилен оператор и воведувањето на повисоки давачки за операторите. Штрауб, Балог и Морваи со декемвриската претставка барале судот во Њујорк да се прогласи за ненадлежен во нивниот спор.
16.02.2013 Transparency International – Macedonia изработи Информација заснована врз релевантни и јавни документи, следејќи го отворањето на епилогот на истрагата за работењето на Маѓар Телеком во периодот од 2000 година од 2007 година.
Покани биле испратени до Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупција, но и двете установи одбиле, со уредно образложение дека тоа е поради зголемен обем на активности.
– Овие установи како да заборавија дека имаат општествена одговорност и обврска правилно да ги информираат медиумите и граѓаните, да им се обратат на учесниците во изборниот процес и политичките партии за тоа кои се целите на нивните законски обврски. Нивна надлежност и обврска е да го следат финансирањето на политичките кампања, а од она што до сега го видовме во нивните извештаи, не сме задоволни. Но немаме можност да разговараме со нив и да прашаме зошто има пропусти, дали поради немање технички услови за работа или немање доволно желба за правилно работење – рече Тасева, отворајќи ја дебатата.
10.02.2013 Судот во Њујорк во целост го одби барањето на тројцата поранешни менаџери на Маѓар Телеком и Дојче Телеком да се отфрлат обвиненијата за потплатување на високи македонски и црногорски функционери. Корумпираните во Македонија се наведени високи функционери во владејачките партии во 2005 година, кои биле на позиции во регулаторните агенции за телекомуникации и имале директно овластување врз распишувањето на тендер за трет мобилен оператор. околу 10 милиони долари поткупот да не биде распишан тендерот, им бил исплатен преку Грк – посредник.
05.02.2013 Новите најави за вработувања пред избори се спротивни на законите. Аминот кој Антикорупциската комисија и го дала на Владата за вработувањата е нелегален и без преседан, предупредуваат експертите.
Ако пред две недели ги повика институциите да прекинат да вработуваат во предизборието и да ги почитуваат законите, сега Државната комисија за спречување корупција реши истите да ги аминува. Агенцијата за вработување вчера го објави огласот со кој три милиони евра народни пари ќе се делат субвенции на 930 граѓани за самовработување.