Барометар на корупција за месец ноември 2009 г.
11.12.2009 Телевизиското емитување на видео материјалот со исказот на екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски пред хашките истражители, спротивно на правилата на Хашкиот суд, е најматен настан во ноември.
Јавното емитување на снимките, што стана повод за политички пресметки, доби 11 „матни“ гласа во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“, во која учествуваа 18 главни уредници на печатени и електронски медиуми.


