Посета на ТНК од делегација на Кралството Норвешка

26. 03. 2008 Транспарентност – Нулта Корупција (ТНК) имаше чест да биде посетена од високата делегација на Кралството Норвешка која деновиве престојуваше во Република Македонија. Делегацијата ја предводеше Заменик на Генералниот Директор на Министерот за Надворешни работи на Кралството Норвешка г-дин Нилс Крагнар Камсваг, а во нејзин состав беа: НЕ Амбасадорот на Кралството Норвешка во…

Прочитај повеќе

Информациите за јавните набавки се најголема државна тајна

plakatpi 27.03.2008 „Информациите за јавните набавки се најголема државна тајна. Централната и локалната власт, како и јавните претпријатија, вовеле вистинска цензура за се' што подразбира јавна набавка. Од тие причини на Интернет-страниците на институциите не се објавуваат тендерите, а воопшто ги нема информациите за избраните понуди, бодирањето и за склучените договори“. Ова сознание, меѓу другото, вчера го потенцираа од невладината организација „Про медија“, презентирајќи го извештајот од набљудувањето на мрежните страни на 59 институции и организации што се однесува на примената на Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер

.

Прочитај повеќе

Владата и Министерството за економија си ја префрлаат одговорноста за Чебрен и Галиште

powerplant 26.03.2008 Владата не чувствува одговорност за негодувањето на странските компании кои учествуваа на тендерот за хидроцентралите Чебрен и Галиште. Вицепремиерот Ставревски надлежностите ги префрла во Министерството за економија, кое неколку месеци е без министер. Од економија велат дека тендерската комисија за хидроцентралите ќе се произнесе утре. Дали ќе биде продолжен тајмингот за доставување на финансиските понуди за Чебрен и Галиште, сепак финално ќе одлучи Владата.

 

 

Прочитај повеќе

Лошото судство ги измачи граѓаните

znaknapravdata 26.03.2008 Неостварување на правото на судење во разумен рок, дискриминација, бавен и несериозен процес на денационализација, нееднаквиот третман при вработувањето, урбанистичкиот хаос, недоволната грижа на надлежните за животната средина, лош однос на полицијата кон граѓаните – вака Народниот правобранител ја оценува изминатата 2007 година.

Народниот правобранител Иџет Мемети смета дека Владата и министерствата не соработуваат доволно со омбудсманот и со тоа ја попречуваат неговата работа да ги штити правата на македонските граѓани.

 

Прочитај повеќе

Скандалозен тек на тендерот за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште

hidrocentrala22.03.2008 Поради значителна промена на условите од тендерот за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште по директива на Владата, уште една странска компанија бара одложување на рокот за доставување на финансиските понуди кој истекува за една недела. Канал 5 дојде до писмото што Австријците од Вербунт вчера го ковертирале до економија. Бараат уште најмалку 6 недели да се прилагодат на изменетите услови.

Прочитај повеќе

Се проблематизира тендерот за изградба на Чебрен и Галиште

powerplant

20.03.2007 Се проблематизира тендерот за изградба на Чебрен и Галиште. Норвешки Статкрафт бара одложување на рокот за доставување на финансиските понуди. Канал 5 дознава, писмено се пожалиле во Економија дека нетранспарентно се менуваат тендерските услови, немале време да се прилагодат.

 Приговараат и за договорот за концесија на хидроцентралата Тиквеш што државата ја користи како адут за атрактивност на тендерот. Норвежаните не чувствуваат дека се во еднаква позиција со државата како партнер во стопанисувањето со Тиквеш. Напротив странецот, а не државата треба да обезбеди гаранции за услови кои не може да ги предвиди, тврдат во писмото.

 

Прочитај повеќе

Германците од РВЕ, фаворити за изградба на Чебрен и Галиште?

 hidrocentrala

20.03.2008 Стартува битката за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште. Германците од РВЕ први лобисти на терен. Директно од Минхен дојдоа во Прилеп и Кавадарци, лично на локалните власти да им пренесат дека се сериозни за бизнисот тежок 500 милиони евра. Во бизнис круговите оваа компанија важи за владин фаворит. Потпретседателот на компанијата не крие дека за овој проект веќе разговарале со премиерот, вицепремиерот и претставник од ЕЛЕМ:

 
– Се надевам дека ќе биде прифатена бидејќи во минатите месеци напорно работевме за да направиме атрактивна понуда.

 

Прочитај повеќе

18 милиони евра ќе се потрошат за струјата што недостига

 dalnovod

 

 
19.03.2008 Дополнителни 18 милиони евра ќе се потрошат за да се набави дел од струјата што недостига. Избрани се четирите компании од каде ќе се купува енергијата.

Просечната цена е 86 евра за мегават час. Кој ќе го плати увозот, засега никој јавно не кажува. Ова е втор увоз за годинава.

 

Прочитај повеќе

Подмитени професори има, но нема кој да ги пријави

udripari

20.03.2008 Македонските факултети се дават во корупција, но проблемот е што студентите најчесто не го пријавуваат случај од страв за својата академска судбина. Една од причините што ја наведуваат се слабите институции и механизми за нивна заштита, затоа се плашат дека ќе имаат проблеми со другите професори, а со тоа ќе дојдат во ситуација да ја ризикуваат сопствената иднина. По зачестените апсења корумпирани функционери, каде што главен доказ се обележаните банкноти, професорите, посредниците и студентите се усовршуваат и воведуваат нови техники за трансакција на парите.

 

Прочитај повеќе

Се’ помалку атрактивно подмитувањето во Катастарот

katastar 19.03.2008 Реформите во Катастарот се движат во вистинска насока, смета мнозинството од анкетираните испитаници во истражувањето на јавното мислење што го спроведе агенцијата „БРИМА Галуп“ за потребите на Државниот завод за геодетски работи во текот на јануари и февруари годинава. Истражувањето покажува дека подготвеноста за подмитување во однос на 2006, кога 24 отсто од испитаниците се изјасниле дека се подготвени да подмитат службеник за да завршат работа во Катастарот, годинава таа е намалена и изнесува 17 отсто. Овие проценти претставуваат позитивен сигнал за понатамошно успешно реализирање на барањата на граѓаните без давање предност на личните интереси над интересите на заедницата.

 

Прочитај повеќе