Бугарија и Романија треба да ја зголемат брзината на реформите
27.06.2007 Транспаренси Интернешнал (ТИ) денес го поздрави критичкиот тон на извештајот на Европската комисија за остварувањето на во борбата со корупција и организираниот криминал во Романија и Бугарија. Водечката анти- корупциска организација исто така ја повика комисијата да воспостави постојан механизам за мониторинг за сите членки, за да се осигура еднаква обврзаност во целата Унија.
„Европска Унија која што функционира мора да биде ослободена од корупција“- рече Миклош Маршал, регионален директор на Транспаренси Интернешнал за Европа и Централна Азија. „Борбата против корупција во Романија и Бугарија е прашање на интегритет на целата Европска Униј. Тоа е критично.“
„Сурова иронија е тоа што Европската Унија има максимална сила по прашањата за корупција пред проширувањето“- рече службеникот за политиката на ЕУ во Транспаренси Интернешнал Рун Расмусен. „Но кога веќе земјите се во Унијата, кадешто парите, добрата, луѓето и проблемите- можат да се движат слободно , влијанитео паѓа скоро на нула. Ова мора да се измени.“ |

