Одговорност за раскрчмување на црковниот имот?
16.01.2007 Двата земени кредита за хотелот "Изгрев" не се единствените кои ги подигнала фирмата на МПЦ и браќата Миладинови, дознава "Вечер" од банкарски извори. Според нив, за целата работа поднесена е и пријава до надлежните државни органи, поради неможноста на банките да си ги наплатат парите. Ова е втор мега-финансиски скандал кој ја потресува МПЦ. Првиот беше Говрлево, кога скопскиот митропилит и поглавар Стефан, без знаење на црковните органи, дозволи , па експресно го раскина договорот за продажба на црковниот имот на Цементарницата "Усје". |