СООПШТЕНИЕ
08.02.2019 Транспаренси Интернешнел Македонија му честита на Собранието на Република Македонија за ефикасното спроведување на постапката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Транспаренси Интернешнел Македонија и го честита изборот на претседателката на ДКСК г-ѓа Билјана Ивановска, како и на сите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата и им посакува успешна работа во справувањето со корупцијата, како еден од најголемите проблеми кој го нагризува македонско општество.
„Ја добивте довербата во една транспарентна и отворена постапка, во која беше спроведен и делумен ветинг за проверка на вашиот интегритет. Сега ја имате нашата поддршка вашето знаење, искуство и интегритет да ги ставите во функција на справување со големиот проблем на корупцијата. Нашата поддршка и соработка секогаш ќе ја имате на располагање„ рече Претседателката на Транспаренси Интернешнел и прв претседател на државната комисија за спречување на корупцијата Д-р Слаѓана Тасева.