Работилница на тема “ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВДА – СТОП НА НЕПРАВДИТЕ”

rt_12062017_1.jpg
12.06.2017 Траспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ-М) заедно со Здружението за истражувања, анализи и развој ЗЕЛЕНА ЛУПА одржаа работилница на тема “ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВДА – СТОП НА НЕПРАВДИТЕ”, која се одржи во Хотел Дувет во Скопје.
На работилницата беа презентирани заклучоците и препораките од анализите на кривичните предмети: Фаланга, Ликвидација, Мигранти, Детонатор и Аполон, кои беа подготвени од страна на експерти во рамки на проектот кој воедно е поддржан од страна на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.
 
 
 
Прочитај повеќе

Институтот за демократија е новиот Секретаријат на Платформата за борба против корупција

platforma_10042017.jpg

 
10.04.2017 На четвртата седница на Собранието на Платформата на граѓански организации за борба против корупција, што се одржа на 7 април 2017 година, Институтот за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) е избран за домаќин на Секретаријатот на Платформата во траење од три години.

ИДСЦС ќе ја замени Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар која до сега ја имаше улогата на Секретаријат на Платформата. Членовите на Собранието му се заблагодарија на АДИ за досегашната успешна работа, и му посакаа ИДСЦС уште подобри резултати.
 
 
Прочитај повеќе

Реакција

Неказнивоста на злоупотребите на службената положба и политичката заштита над прекршителите на законот мора да престане

16.03.2017 Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ-М) изразува загриженост во врска со активностите на г-н Кире Николоски, кој во својство на директор на СОУ „Мирче Ацев“ пред учениците изнесува свои политички ставови и ги повикува на учество во политички активности, како и за другите случаи во кои директори на училишта ја злоупотребуваат својата положба со цел да издејствуваат одредени политички активности од децата.
 
Имајќи предвид дека г-н Кире Николоски со своите дејствија го прекршил чл.7 ст.1 од Законот за средното образование и чл.12 ст.4 од Законот за заштита на деца, Транспаренси Интернешнл – Македонија поднесе иницијативи за вршење на инспекциски надзор до Државниот просветен инспекторат и Министерството за труд и социјална политика, а побара постапување и од Народниот правобранител на Република Македонија.
 
 
Прочитај повеќе

Објаснување како се пресметуваат резултатите за секоја земја поединечно на ИПК

ti.jpg

 27.01.2017 Транспаренси Интернешнл, глобалната антикорупциска организација, на 25 јануари 2017 година го објави 22-от годишен Индекс за перцепција на корупцијата. Индексот рангираше 176 држави и територии според перцпецијата за нивото на корупцијата во јавниот сектор. Индексот за перцепција на корупцијата е водечки глобален индикатор за корупцијата во јавниот сектор, давајќи годишен преглед на релативниот степен на корупција преку рангирање на земјите ширум светот.
Република Македонија беше рангирана на 90-то место со резултат 37, упатувајќи на сериозен проблем со корупцијата во земјата.
Транспаренси Интернешнел и нејзиниот огранок во Република Македонија целосно ги поддржуваат наодите од Индексот за перцепција на корупцијата за 2016 година.
 
 
Прочитај повеќе

ИПК 2016: Магичниот круг на корупцијата и нееднаквоста мора да биде прекинат

press_23012017_1.jpgpress_23012017_2.jpg

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
25.01.2017 2016 година покажа дека системската корупција и социјалната нееднаквоста се засилуваат меѓусебно секаде во светот, водејќи до разочарување на народот од политичкиот естаблишментот и создавање на плодна почва за подем на политичари-популисти.
69 проценти од 176 земји опфатени со Глобалниот индекс за перцепција на корупцијата имаат скор помал од 50, на скала од 0 (перцепција за високо ниво на корупција) до 100 (перцеприција за ниско ниво на корупција), покажувајќи ја масивноста и сеприсутноста на корупцијата во јавниот сектор во целиот свет. Годинава повеќе земји паднаа на индексот отколку што напредуваа, укажувајќи на итна потреба од мерки.
 
 
 
 
 
 
Прочитај повеќе

РМ не ги исполни препораките од Четвртата оценка од ГРЕКО која ги опфаќа собранието, судството и ЈО

17.01.2017 Транспаренси Интернешнел Македонија (ТИ-М) ја известува јавноста дека иако Извештајот од четвртиот круг на евалуација на ГРЕКО (земји за борба против корупцијата) е усвоен на 62-от пленарен состанок на ГРЕКО одржан на 6 декември 2013 година, Република Македонија сè уште нема преземено активности во насока на имплементирање на дел од препораките наведени во извештајот, а за тоа дава неиздржани изговори.
 
Република Македонија на 26 јуни 2015 година доставила информации до ГРЕКО во врска со имплементацијата на препораките од извештајот од евалуацијата. На 1 јули 2016 бил усвоен извештајот за оценката на имплементацијата, а бил објавен на 12 октомври 2016 година. Од неговата содржина може да се утврди дека ова е најслабиот извештај на ГРЕКО за Република Македонија до сега. Препораките од претходните извештаи најчесто беа навремено спроведувани, при што РМ добиваше оценка дека задоволително или делумно се спроведени сите препораки, или дека се спроведени сите освен една до две препораки. Со последниот извештај, кој се однесува на борбата против корупцијата во Собранието на РМ, судството и јавното обвинителство, е утврдено дека РМ на задоволително ниво спровела само три од вкупно деветнаесет препораки, десет се делумно спроведени а дури шест воопшто не се спроведени.
 
 
Прочитај повеќе

Оглас за работно место – Правен советник

27.12.2016 Транспаренси Интернешнл –Македонија (TИ-М) има потреба од квалификуван кандидат кои ќе работи во канцеларијата во Скопје за следниво работно место:.

1. Позиција: Правен советник – 1 кандидат

Кандидатите покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:
–    Релевантна диплома по правни науки (седми степен);
–    Положен Правосуден испит
–    Одлично познавање на албанскиот јазик.
 
 
Прочитај повеќе

Мониторинг на трошењата од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес

izbori.jpg

 
12.12.2016 Траспаренси Интернешнл – Македонија, одржи прес-конференција на која ги презентираше наодите во врска со проектот „Мониторинг над трошењето од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес финансиски поддржан од Амбасада на Кралството Холандија во Република Македонија. 

Презентираните наоди можат да се погледнат на следнава презентација.
 
 
 
Прочитај повеќе

Случај: Нерегуларности во работењето на банкарскиот сектор во корист на поединци

press_18112016.jpg

 
18.11.2016 Она што Транспаренси Интернешнел во јануари оваа година го започна како случај Кубус в.с. Комерцијална Банка АД Скопје, во изминатиот период од 10 месеци прерасна во случај од кој можат да се согледаат многубројни неправилности во работењето на банкарскиот сектор. Анализите на Транспаренси Интернешнел Македонија, кои ги правиме во соработка со правните застапници и консултатнти на оштетените, покажаа дека:
Станува збор за многубројни финансиски трансакции кои потекнуваат од кредити и позајмици;
Во финансиските трансакции се вклучени поголем број на банки, компании и лица кои се деловно, сопственички и управувачки поврзани со банките;
 
 
Прочитај повеќе

9-ти декември Меѓународниот ден за борба против корупција

udripari.jpg

 09.12.2016 Транспаренси Интернешнл – Македонија по повод 9-ти декември Меѓународниот ден за борба против корупција укажува дека борбата против корупцијата треба и понатаму да биде клучен приоритет на сите носители на политички функции, на институциите и на судството со цел да се надмине постоечката политичка криза предизвикана пред сѐ поради укажувањата за корупција.

 „Слабото спроведување на антикорупциските закони, недостигот на владеењето на правото, ограничената институционална соработка, како и сериозните недостатоци во практиките на институциите во однос на независноста, транспарентноста, интегритетот и отчетноста“ се клучните проблеми наведени во Национален систем на интегритет – Оценка за Македонија, истражување кое беше спроведено од ТИ-Македонија. Меѓународната заедница во повеќе наврати апелираше дека токму непостоењето на политичка волја за справувањето со корупција во државата се покажа како значаен проблем кој може да ги доведе во прашање Евро-атлантските интеграции на државата.
 
 
Прочитај повеќе