Соопштение до медиуми за случајот Маѓар Телеком – „Таргет“
26.03.2019 Транспаренси Интернешнл Македонија изразува задоволство од продолжувањето и развојот на кривичната постапка во случајот „Маѓар Телеком“, кој сега го води Специјалното јавно обвинителство под кодно име „Таргет“, во кој се обвинети тројца поранешни директори на "Телеком", Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус за Злосторничко здружување и Злоупотреба на службена положба и овластување, а постои и сомневање за вклученост и на функционери од Северна Македонија за земање на мито.
Транспаренси Интернешнл Македонија го следи овој случај уште од објавата на резултатите од истрагата на американската куќа Вајт и Кејс покрената по укажувањата на внатрешната ревизија во Маѓар Телеком поради сомневања во законитоста на склучени и исплатени договори од кои би произлегла низа на коруптивни кривични дела, предвидени со Законот за странски коруптивни постапки Foreign Corrupt Practices Act (FCPA) на САД, односно казниви според македонското и законодавства на други држави.


