Call for recruiting a Consultant – external reviewer to conduct a peer review of the NIS assesment

Transparency International Macedonia has opened the call for recruiting a Consultant – external reviewer to conduct a peer review of the “National Integrity System” (NIS) assessment

 

Application closing date: 29 April 2015

Location: Skopje, Macedonia

 

Expected duration of assignment: 14 working days over the period of May-June 2015

 

14.04.2015  Background
Transparency International Macedonia (TIM) is the national chapter of Transparency International, the global civil society organization leading the fight against corruption.
Transparency International raises awareness of the damaging effects of corruption and works with partners in government, business and civil society to develop and implement effective measures to tackle it.

Transparency International Macedonia has opened the call forrecruiting a Consultant – external reviewer to conduct a peer review of the “National Integrity System” (NIS) assessment in the framework of the project “National Integrity System” (NIS), a regional project to be implemented by Transparency International in seven countries of the Western Balkans and Turkey.

The NIS assessment will allow a nuanced analysis of the governance system in Macedonia, both in terms of the formal legislative framework of each sector (Legislature, Executive, Judiciary, Public Sector, Law Enforcement Agencies, Electoral Management Body, Ombudsman, Supreme Audit Institution, Anti -corruption Agencies, Political Parties, Media, Civil Society, and Business) and the actual institutional practice. NIS provides a detailed evaluation of the strengths and weaknesses of institutions in the form of a comprehensive country report that includes a set of quantitative indicators for each institution.
The reports’ results will be used as a benchmarking tool to measure progress over time, to compare performance across institutions, and to identify good as well as bad practices.

 

 

 

 

 

Прочитај повеќе

Уште еден неславен мандат на Државната комисија за спречување на корупција

wb_logo.jpg Антикорупционерите ги премолчија сите афери на власта!

Во работата на Државната комисија за спречување на корупцијата, од 2002 година, па сѐ до сега, има огромни разлики. Тие што ги направија почетоците беа непрофесионални (хонорарни) антикорупционери, располагаа со мал буџет, но открија голем број афери, кои и ден денес се споменуваат. Последниот состав антикорупционери, пак, станаа професионалци (вработени), добија поголем буџет, но и помалку работа, поради недовербата од граѓаните. За афери, пак, ниту збор!

 
30.03.2015 Веќе неколку месеци, барем двапати неделно, опозицијата пука „бомби“, односно открива големи криминални и корупциски афери, но никако да се случи барем една од нив да ја погоди Државната комисија за спречување на корупцијата, или барем малку да ја затресе. Не, ги потресоа ниту многубројните афери, како „Актор“, „Скопје 2014“, „Финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ“, „Тајна фабрика за пасоши“… иако, нели, имаат обврска да се борат против корупцијата. Но, наместо борба, по сѐ изгледа нејзините членови удобно се засолниле во своите фотелји, штитејќи се од бомбите и не пуштаат глас.
Токму нивниот молк веќе одамна гласно го вклучи алармот за тоа дали воопшто ја вршат својата функција, за која впрочем, за македонски услови, и дебело се платени, околу 1.000 евра месечно! Нагаѓаме, бидејќи самите не сакаат да откријат колку е нивната месечна плата, но познато е дека се платени колку судиите во Врховниот суд или пратениците. Поранешните членови, пак, добиваа хонорар од 40.000 денари.
На антикорупционерите подзаборавија и граѓаните, кои во улога на таканаречени whistle-blowers, или пријавувачи, сѐ поретко ја посетуваат нивната адреса, а проблемите ги споделуваат со некои медиуми или со невладини организации.
 
 
Прочитај повеќе

Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата

 ПОВИК ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА ПОСТАПАТ ПО НАВОДНИТЕ ЗЛОУПОТРЕБИ, НЕЗАКОНИТО ПОСТАПУВАЊЕ, КОРУПЦИЈА И НАРУШУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА КОИ СЕ НАВЕДУВААТ ВО ОБЈАВЕНИТЕ ТЕЛЕФОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

 

 

platforma_logoa.jpg25.03.2015 Ние граѓанските организации од Платформата за борба против корупција внимателно гo следиме објавувањето на снимените телефонски комуникации.

Цениме дека објавените снимки треба да бидат предмет на истрага поради постоење на основи за сомневање за незаконско прислушување, а со цел утврдување кој ги снимал разговорите и ја нарушил приватноста на граѓаните.

Бараме содржината на снимките да биде посебно и внимателно испитана, затоа што разговорите укажуваат на можни незаконски активности. Без разлика кој е изворот на снимените разговори, содржината сугерира постоење на корупција, вклучително и масовна злоупотреба на службената положба, што се казниви дејствија за кои се гони по службена должност. Потсетуваме дека под корупција, меѓу другото се подразбира и состојба во која институциите се „приватизирани“ за интересите на политичките партии на власт и поединци и сакаме да укажеме дека тоа доведува до неурамнотежена и нелегитимна политичка моќ која се користи за остварување на поединечни интереси, наспроти општиот и интересот на граѓаните. Таквата состојба, дополнета со состојбата на контролирани медиуми, се нарекува заробена држава, во која е оневозможено владеењето на правото.

 

 

Прочитај повеќе

Покана за прес конференција

 

25.03.2015 Граѓанските организации членки на Платформата за борба против корупцијата ве покануваат да присуствувате на прес конференцијата што ќе се одржи на 25 март 2015 година (среда) во 12 часот во хотелот Холидеј ин во Скопје која ќе се однесува на прислушкуваните телефонските разговори кои повеќе од еден месец се објавуваат во јавноста.

 

Од прес конференцијата ќе биде упатен повик до надлежните институции да постапат по наводните злоупотреби, незаконито постапување, корупција и нарушување на човековите права кои се наведуваат во објавените телефонски разговори.

 

 

Прочитај повеќе

Истражување за ставовите на вработените граѓани за неетичко однесување во фирмите и институциите

wb_logo.jpg 05.03.2015 Агенција Рејтинг, за потребите на организацијата Transparency International Macedonia, спроведе истражување на јавното мислење чија основна цел беше да се утврди ставовите на вработените граѓаните за неетичкото, неморалното и незаконско однесување во фирмите и институциите во Република Македонија. Истражувањето се спроведе преку методот телефонска анкета на репрезентативен примерок од 400 вработени граѓани од сите 10 општини во регионот на Скопје и по 2 најголеми општини во другите 7 региони во Република Македонија.

 

pdf istrazhuvanje_wb_2015 254.02 Kb

 

 

Прочитај повеќе

Иницијатива за поведување на кривична постапка против Министерот за финансии

24.02.2015 Со оглед на големиот интерес од страна на медиумите и јавноста, Transparency International – Macedonia информира за следното:

На 12.10.2011 година врз основа на член 142 став 1 и 3 од Законот за кривичната постапка здружението Transparency International – Macedonia поднесе Иницијатива до Јавниот обвинител во Скопје за поведување постапка за утврдување на кривична одговорност за лицето Зоран Ставрески од Скопје, вработен во Владата на Република Македонија како Министер за финансии.

Иницијативата може да се види на следниот линк:
https://transparency.mk/images/stories/inicijativa_do_ojo_ti-macedonia12.10.2011.pdf

 

 

Прочитај повеќе

Во потрага по парите од бакарот

wb_logo.jpg 17.02.2015 Случајот со работниците на „Раде Кончар – сервис и поправка на електрични производи ДОО“ е класичен пример како државата не ги заштитува пријавувачите на кривични дела, односно наместо да застане во нивна одбрана, а да ги гони пријавените, таа молчи, додека работниците, затоа што пријавиле криминал во надлежните институции, останале без работа.

 „Стави му маска на човекот и ќе ти ја каже вистината“ е изреката на Оскар Вајлд со која се потврдува дека анонимноста дава заштита, односно дека само човек со неоткриен идентитет може да дејствува без страв од последици. Од друга страна, пак, познато е дека само еден пријавувач на кривични дела може да урне цел државен поредок ако ги има вистинските информации. Но, што се случува во Македонија со тие кои без маска, со име и презиме ќе пријават корупција или криминал?

 

 

Прочитај повеќе

Оглас за работно место – Правен советник

12.02.2015 Транспаренси Интернешнл –Македонија (TИ-М) има потреба од квалификуван кандидат кои ќе работат во канцеларијата во Скопје за следниво работно место:.

1. Позиција:Правен советник – 1 кандидат

Кандидатите покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:
–    Релевантна диплома по правни науки (седми степен);
–    Положен Правосуден испит
–    Искуство стекнато со работа се смета за предност.
Дополнителни особини, искуства и вештини:
–  Разбирање на културни разлики и тимска работа;
–  Одлични комуникациски вештини,
–  Искуство во донесување на одлуки – раководење и менаџирање;
–  Искуство и вештина во комуникација со граѓани,
–  Работа со претставки;
–  Работа со компјутер и самостојно користење на софтвер за пишување, табеларни прегледи,  електронска размена на информации и комуникација;
–    Способност за подготовка на извештаи, статистички прегледи;
–    Одлично познавање на англискиот јазик.

 
 
 
 
Прочитај повеќе

Сведоштва за манипулации при исплата на годишниот регрес

 wb_logo.jpg
 
30.01.2015 Кога пред неколку месеци, вработени од една приватна компанија во сопственост на странски инвеститор, штрајкуваа и јавно се пожалија дека работодавецот не им ги исполнил ветувањата и им давал мали плати, со оправдување се јавија од менаџментот на компанијата. Кратко и јасно порачаа: „Дојдовме во Македонија да остваруваме профит“.
Сѐ беше кажано. Штрајкот експресно заврши, 19 вработени добија отказ, бидејќи се осмелиле и го кренале гласот, а другите и понатаму си продолжија да работат за 170 евра месечно.
Згора на сѐ, работодавците гордо се пофалија дека своите вработени ги плаќале повеќе од минималната плата во Македонија, и тоа дури за 20 евра! Значи, биле исклучително „дарежливи“!
А дарежливоста од државата, како да ја заборавија. Ослободени се од данок на добивка и од данок на додадена вредност во период од десет години. Добиваат помош за изградба на инфраструктура, поддршка за обука и усовршување на вработените, како и покривање на дел од трошоците за плати и придонеси.
 
 
 
Прочитај повеќе

Финансирањето на изборните кампањи со низа прекршувања на законите

13.01.2014 Јавното обвинителство ја отфрли кривичната пријава на ТИ-Македонија со прифаќање на факти кои не го исклучуваат туку го засилуваат сомнежот за незаконитост

За време на одржувањето на изборната кампања на претседателските и предвремените парламентарни избори во Република Македонија Транспаресни Интернешнл – Македонија (ТИ-М) презеде серија на активности, со цел расчистување на случајот со Јавно комунално претпријатие Прилеп, односно незаконско плаќање на трошоци за кампања 2014. Осoбeно по доставувањето на бараните информации од страна на јавните претпријатија како и за фактот дека одговорните лица од Општините можеа да бидат повикани на одговорност и казнети со казни од најмалку пет години.
Во конкретниот случај за ангажирањето на работниците на ЈКП “Комуналец” од Прилеп, јавното претпријатие изготвило фактура бр.216 од 04.04.2014 година, насловена на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Прилеп, по која е извршено плаќање во готово за што е издадена на каса-прими бр.937/2014 од ЈКП Комуналец од Прилеп кон ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прочитај повеќе