Транспаренси интернешнл: Проект за зајакнување на националниот интегритет
10.10.10 Транспаренси Интернешнaл – Македонија (ТИ-М) неодамна започна да го имплементира регионалниот проект "Зајакнување на Националниот систем на интегритет во земјите од Западен Балкан и Турција, и следење на развојот на анти-корупциските напори”. Проектот е финансиски поддржан од страна на Европската Комисија и ќе се спроведува во соработка со Транспаренси Интернешнал – Секретаријатот, во шест земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија) и Турција.
Националниот систем на интегритет (НСИ) на Транспаренси Интернешнал е алатката за проценка, на сите клучни актери во борбата против корупцијата и се однесува на нивниот интегритет, транспарентност и отчетност. НСИ проценката обезбедува детална евалуација на силните и слабите страни на овие институции во форма на сеопфатен извештај за земјата кој вклучува сет на квантитативни индикатори за секоја институција.
Државната Комисија за Спрешување корупција (ДКСК) одби да соработува со ТИ Македонија за да даде придонес во насока за квалитетно и сеопфатно истражување.
ТИ Македонија се надева дека во иднина ДКСК ќе може да посвети повеќе внимание и ресурси на анти-корупциските активностии кои се иницираат од невладиониот сектор.
08.10.2014 Без големи изненадувања беше дочекан годинашниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија. Политичко-експертската јавност во забелешките на ЕК гледа сериозни знаци на загриженост на Брисел за состојбите во земјата.
Аналитичарите сметаат дека со шестата по ред препорака за преговори со ЕУ, Македонија добива само уште еден „стент“ за поттикнување на суштински напредок и реформи, кои би ги оживотвориле критериумите неопходни за интеграција на земјата во европското семејство.
15.10.2014 Транспаренси Интернешнл Македонија има потреба од експерт за јавно застапување, во рамките на спроведувањето на проектот: „Поддршка на независни медиуми во Република Македонија: Застапување и тренинг за да се промовира посветеноста кон најдобрите меѓународни практики“. Времетрање на работата е три работни дена.
15.09.2014 Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ-М) сака да ја извести јавноста за успешно спроведени случаи на спречување на корупција по пријава од граѓани, при што е откриена злоупотреба на 902.918,00 денари средства од Буџетот на Република Македонија, а спречен е и случај на судир на интереси при вработување во државна институција. И двата случаи се покренати откако граѓани ги пријавија овие неправилности во Транспаренси Интернешнл –Македонија, а по преземените постапки од страна на нашата невладина организација, следуваше реакција од надлежните институции. 15.08.2014 Transparency International -Macedonia has opened the call for a research assistant under the National Integrity System (NIS) project
Background
Transparency International Macedonia (TIM) is the national chapter of Transparency International, the global civil society organization leading the fight against corruption.
Transparency International raises awareness of the damaging effects of corruption and works with partners in government, business and civil society to develop and implement effective measures to tackle it.
Transparency International Macedonia has opened the call for recruiting a research assistant to assist and work for a research assessment in the framework of the project “National Integrity System” (NIS), a regional project to be implemented by Transparency International in seven countries of the Western Balkans and Turkey.
18.06.2014 Во оваа прилика и во контекст на случувањата по повод јавно објавениот случај Македонска Банка укажуваме на Членот 19 од Законот за спречување на корупцијата „Заштита на соработници на правдата и сведоци„ според кој не може да се презема казнено гонење или да се повика на каква и да е друга одговорност лице што открило податоци што укажуваат на постоење на корупција, а лицето има право на надомест на штета што може да ја претрпи тој или член на неговото семејство поради дадената изјава и сведочење. 17.06.2014 Се повеќе граѓани пријавуваат корупција. Во изминативе две години, пријави за корупција имало во просек дневно по две. Вкупно за две години се поднесени над 800 пријави, од кои 200 се во источниот регион. За разлика од порано кога корупцијата беше табу тема, сега граѓаните се порешителни на неа да и кажат стоп. Дури 80 % од анкетираните граѓани се изјасниле дека ќе пријават корупција, но во истовреме се пожалиле и на инертност на надлежните институции кои треба да преземат мерко за решавање на пријавите.
Инаку, математиката покажува дека поради мито и корупција , на директен и индиректен начин, државата годишно губи и до една милијарда евра.