Непотизам тука и секаде
28.11.2011 За да го зачува угледот на адвокатурата, првото правило е адвокатот да ги прима странките во канцеларија, бидејќи е недостојно работата да ја извршува по судските ходници или угостителските објекти. Ваквите правила не се необични во европските земји и во САД, каде што се почитуваат речиси целосно. Вакви или слични правила постојат и во етичкиот кодекс на домашните адвокати, но неретко никој не ги почитува.





