Барометар на корупција за месец мај 2010 г.
Најматен настан во мај, според гласовите на 14 од вкупно 17 уредници на печатени и електронски медиуми се предложените измени на законот за електронски комуникации, според кои МВР ќе може да ги следи и прислушува сите луѓе во државава без налог од суд. Опозицијата предупреди дека согласно законот за следење на комуникации секој оператор мора да избере овластено лице кое ја врши оваа работа. Со ова де факто прислушувањето ќе се легализира не со закон предвиден за следење на комуникации туку ќе се прошири опфатот и опсегот на досега невидено ниво.
Корупцијата најзастапена во правосудството, администрацијата и царината
18.06.2010 „Од согледувањата од аналитиката, корупцијата најмногу се појавува во правосудството, царината и администрацијата, но сепак ја има во сите области и тоа е загрижувачки“, изјави денеска претседателот на Антикорупциската комисија, Илми Селами.
На третата годишна конференција за оценка на остварувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупција, која што се одржа денеска во Скопје беше заклучено дека е потребно да се анимираат сите чинители во државата и општеството и активно да се вклучат во процесот на борбата против корупцијата.
Селами рече дека е потребно отварање на широк фронт против корупцијата за борбата да биде успешна.
Известување до медиумите во врска со поднесена претставка од Г-дин Ванчо Каргов
Транспарентност – Нулта Корупција, при постапувањето по Претставки работи непристрасно и сеопфатно, имајќи увид во рамките на доставени документи и релевантните извори на право во Република Македонија.
Од Претставката и приложената документацијата што беше доставена, видливо е дека:
Причина за поднесената претставка, се наводите во Известување добиено од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), за кои најпрвин дознал од медиумите и кои според негово видување не се соодветни за ситуацијата во која се затекнал, со барање да му биде презентиран нашиот став во врска со истото.
Што се однесува до Известувањето на ДКСК доставено до господинот Ванчо Каргов, истото не содржи доволно податоци кои ја оправдуваат и прават разбирлива примената на во него посочените одредби од Закон за спречување на корупцијата (ЗСК) и Закон за спречување на судир на интереси (ЗССИ) за конкретниот случај, односно истото не е соодветно образложено и релевантно аргументирано.
Transparency International
Се додека нема систематска пресметка со корумпираните структури борбата против корупцијата нема да дава резултати
Адриан Ауперле за Антикорупција вели дека по објавувањето на глобалниот Индекс за перцепцијата на корупцијата, главната канцеларија на ТИ сепак го мониторира напредокот на земјата, колку таа се посветува на решавање на препораките содржани во извештајот и дали ги применува.
„Извештаите за напредокот на земјите аспиранти за Европската Унија кои ги изготвува Европската Комисија, содржат независен извештај за делот за напредокот во борбата против корупцијата кој го изготвуваме ние и потоа и го предлагаме на Комисијата. Тие прават и своја независна анализа, но ги земаат предвид и нашите препораки кои ние им ги понудуваме во извештајот“, вели Ауперле за Аникорупција.
Оттаму секоја земја, особено Македонија, која е долго време земја кандидат за започнување на преговори со Унијата, треба многу сериозно да ги сваќа овие извештаи да се фокусира на подобрување на сликата за борбата против корупцијата бидејќи тоа е едно од главните патокази по кои треба да се ориентира земјата, додава Ауперле.
Корупција ги уништува деловните односи и го намалува економскиот раст
02.06.2010 Поради огромните економски штети кои ги предизвикува корупцијата, експертите советуваат подигање на свеста кај компаниите за штетите од корупција, но и искористување на новата генерација иновативни алатки за зајакнување на регулаторните капацитети на институциите.
Назадуваат активностите за подигање на свеста на бизнис-секторот за потребата од справување со корупцијата. Нивото на деловната култура кај македонските компании се уште е ниско и се јавува како ограничувачки фактор кој го спречува напредокот за посилен корпоративен интегритет. Бизнисот треба да сфати ризиците од корупцијата почнуваат со најмалиот поткуп и понатаму се шират со застрашувачка брзина. Корупцијата е глобален феномен кој што му штети на бизнисот и со него треба да се справуваат сите, од најмалите трговци до мултинационалните корпорации, беа главните препораки од конференција “Корпоративни бизнис принципи и предизвиците на глобалната корупција“, во организација на Транспарентност – нулта корупција (ТНК).
Судиите со високо мислење за себе
„Студија за интегритетот и отпорот кон корупцијата во судските системи“, која ја координираше романската филијала на „Транспаренси интернешнел“, беше презенетирана неодамна во Букурешт. Таа се заснова врз разговори со професионалците од секторот во Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Молдавија, Бугарија, Црна Гора, Романија и Србија.
Образованието е корумпирано за 60 отсто од граѓаните
23.05.2010 Образованието во Македонија, доби средна оценка од 2,98, а речиси 60 отсто од граѓаните сметат дека тоа е корумпирано.
Ова го покажа анкетата на Институтот за политички истражувања извршена на 1110 испитаници, во рамките на проектот за модернизација на образованието кој е поддржан од Светската банка изготвена.
Соопштение за медиумите
20.05.2010 Правото на јавно искажување е суштествено право заштитено според Уставот на Република Македонија и Европската конвенција за човековите права и трпењето на последици поради користење со него претставува негова повреда. Токму тоа му се случи на г-дин Трајче Ристов кога преку ТВ медиум и откри на македонската јавност дека тој и повеќе од 400 други лица работат на познатиот археолошки локалитет Исар Марвинци без да добијат било каков надоместок повеќе од два месеци. Реакцијата на повиканите беше повеќе од жестока па господинот Ристов следниот ден ја извести јавноста дека е избркан од работа, токму поради повикување и објавување на информацијата во медиуми.
Лекарската комора се плаши да казнува мито
19.05.2010 Кога лекарот ќе биде осуден за поткуп, никој освен судија не може да му изрече забрана за работа или да му ја одземе лиценцата. Иако дозволата за работа ја издава Лекарската комора, ова еснафско здружение не сака да преземе одговорност и да ја одземе во случај на забележан поткуп. Во Комората остро реагираа кога минатата година беше променет Законот за здравствена заштита и во него беше вметнат член што предвидува комората да може да им одзема лиценци на корумпирани лекари. Сега еснафот ја поздравува одлуката на Уставниот суд, кој го укина овој член од Законот. Се плаши ли комората да казнува подмитени лекари? Во развиените земји, но и во регионот, еснафските здруженија многу строго ги казнуваат своите подмитени колеги.