Барометар на корупција за 2009 година
24.01.2010 Медиумите како најголеми донатори на политичките партии во изборните кампањи е најматен настан за 2009 година септември, додека најбистар е одлуката на Апелациониoт суд да ја укине пресудата со која ЕВН требаше да му плати на ЕЛЕМ 200 милиони евра.
Вака одлучија 17 уредници на електронските и печатените медиуми, кои учествуваа во анкетата Бистро – Матно на Новинската агенција Макфакс и на невладина организација „Транспарентност нулта корупција".
Барометар на корупција за месец декември 2009 г.
Јавното емитување на снимките, што отвори сомнеж за работењето на Државниот пазарен испекторат доби 12 „матни“ гласа во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“, во која учествуваа 20 главни уредници на печатени и електронски медиуми.
Првиот човек на инспекторатот Саша Аќимовски беше разрешен од функцијата од страна на Владата, но нема одговор на дилемата кој го прислушувал и дали објавената снимка е веродостојна.
Среќна Нова 2010 година
Среќна Нова 2010 и Честит Божиќ Merry Christmas and a Happy New Year 2010 Gëzuar Vitin e Ri 2010 Sretan Božić i Nova godina 2010 С Рождеством Христовым и с новым годом 2010 Fröhliches Weihnachten und Gutes Neues Jahr 2010 Navidad Alegre y feliz año nuevo 2010 Noël Joyeux et bonne Année 2010…
Корупцијата и натаму присутна
Оглас за работно место во ТНК
Проект координатор – Антикорупциски мониторинг во Република Македонија
28.12.2009 Транспарентност – Нулта корупција (ТНК) е македонска невладина организација која се бори против корупцијата и промовира интегритет, одговорност и транспарентност во јавниот живот. ТНК е национален огранок на Transparency International, глобалното движење за борба против корупцијата. ТНК има потреба од квалификуван кандидат кој ќе води ја имплементацијата на овој проект.
ТВ дебатна емисија КРУГ
24.12.2009 Во рамките на проектот "ТНК отворени дебати" во недела 27.12.2009 г. на ТВ А1 со почеток во 14 ч. ќе се реализира дебатна емисија посветена на темата здравство. Проектот финансиски е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.
Барометар на корупција за месец ноември 2009 г.
Јавното емитување на снимките, што стана повод за политички пресметки, доби 11 „матни“ гласа во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“, во која учествуваа 18 главни уредници на печатени и електронски медиуми.
Борба против корупција само на хартија
Сертификати на компании со добро корпоративно управување за 2009 година
10.12.2009 По повод Светскиот ден за борба против корупцијата – 9 декември, "Транспарентност – Нулта корупција" во соработка со Стопанската Комора на Македонија и Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, во рамки на активностите за имплементација на Декларацијата Нула толеранција за корупцијата, традиционално по трет пат се доделија сертификати на компании со добро корпоративно управување во 2009 година.
Сертификати за 2009 година на следниве компании: Комерцијална Банка, Охридска Банка, ЕВН Македонија, ПроКредит Банка, Инет и Ренова.