03.11.2010 Transparency International ќе ги додели престижните награди за интегритет на 14тата Меѓународна конференција за анти- корупција, која ќе се одржи од 10ти до 13ти ноември во Банкок
Transparency International ќе ги прогласи победниците на наградите за интегритет за 2009 и 2010 година во Банкок, Тајланд, на третиот ден од одржувањето на 14тата Меѓународна конференција за анти- корупција, 12ти ноември, 2010.
Наградите за прв пат се доделени во 2000 година, а со цел да им оддадат почит на истакати индивидуи кои имаат направено значителен придонес во борбата против корупцијата.
На 14тата Меѓународна конференција за анти- корупција ќе присуствуваат над 1000 активисти од областа на анти- корупцијата. Темата на овогодинешната конференција е „Враќање на довербата: Глобална акција за транспарентност“. На конференцијата ке се одржат над 50 работилници и пленарни сесии во рок од четири дена.