Корупцијата и натаму присутна

Проект координатор – Антикорупциски мониторинг во Република Македонија
28.12.2009 Транспарентност – Нулта корупција (ТНК) е македонска невладина организација која се бори против корупцијата и промовира интегритет, одговорност и транспарентност во јавниот живот. ТНК е национален огранок на Transparency International, глобалното движење за борба против корупцијата. ТНК има потреба од квалификуван кандидат кој ќе води ја имплементацијата на овој проект.
24.12.2009 Во рамките на проектот "ТНК отворени дебати" во недела 27.12.2009 г. на ТВ А1 со почеток во 14 ч. ќе се реализира дебатна емисија посветена на темата здравство. Проектот финансиски е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.
Јавното емитување на снимките, што стана повод за политички пресметки, доби 11 „матни“ гласа во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“, во која учествуваа 18 главни уредници на печатени и електронски медиуми.
10.12.2009 По повод Светскиот ден за борба против корупцијата – 9 декември, "Транспарентност – Нулта корупција" во соработка со Стопанската Комора на Македонија и Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, во рамки на активностите за имплементација на Декларацијата Нула толеранција за корупцијата, традиционално по трет пат се доделија сертификати на компании со добро корпоративно управување во 2009 година.
Сертификати за 2009 година на следниве компании: Комерцијална Банка, Охридска Банка, ЕВН Македонија, ПроКредит Банка, Инет и Ренова.
09.12.2009 Транспарентност Нулта корупција, членка на Transparency International во Македонија и оваа година го одбележува Меѓународниот ден за борба против корупцијата ( IACD – International Anti-corruption Day ) 09ти Декември со низа активности кој ќе го одбележат овој ден, каде што сите заедно ќе и кажеме НЕ на корупцијата. ТНК заедно со Стопанската Комора на Македонија и Стопанската комора на Северо-Западна Македонија на овој ден свечено ќе им додели сертификати на компаниите од нашата земја кои оваа година се избрани за “Компании со добро корпоративно управување 2009“. Настанот ќе се одржи во просториите на Стопанската комора на Македонија со почеток во 17 часот.
08.12.2009 По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата 9ти декември – Транспарентност – Нулта корупција, во соработка со Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Северо- Западна Македонија, во рамки на активностите за имплементација на Декларацијата Нула толеранција за корупцијата трета година по ред традиционално ќе се доделат сертификати на компаниите кои беа…
04.12.2009 Во рамките на проектот "ТНК отворени дебати" во недела на ТВ А1 со почеток во 14 ч. ќе се реализира дебатна емисија посветена на темата дискриминација. Проектот финансиски е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.
30.11.2009 Во прилог е третиот број на електронскиот весник на ТНК, посветен на годишната регионалната конференција на "Transparency International" за земјите од Европа и Централна Азија која се одржа во Охрид од 15-17 јуни 2009 година. Електронски весник бр.3 604.26 Kb