Оглас за работно место
Асистент на проект “КРИНИС Западен Балкан –Осветлување на парите во политиката”
14.09.2010 Транспарентност – Нулта корупција (ТНК) е невладина организација која се бори против корупцијата и промовира интегритет, одговорност и транспарентност во јавниот живот. КРИНИС е регионален проект на Transparency International кој има за цел да прави мониторинг на корупцијата во финансирањето на политичките кампањи, како и да ја зацврсти јавната доверба во демократските институции во Албанија, Хрватска, Косово, Македонија и Србија. Проектот има за цел поголема транспарентност и институционални промени преку вклучување на сите клучни засегнати страни и преку евалуација на практиките кои се спроведуваат при политичките финансирања.



