Македонија во 2009. најдобра по медиумските слободи на Балканот
20.10.2009 Македонија напреднала осум места во извештајот на Репортери без граници (РСФ) за медиумските слободи во светот и за 2009. е најдобро рангирана балканска земја.Македонија во извештајот за 2009 година се наоѓа на 34 место со 8,75 негативни поени, додека лани била на 42. со 8,25 негативни поени. Во извештајот вкупно се рангирани 175 земји.
После Македонија од земјите во регионот најдобро рангирана е Грција (35), Словенија е 37, БиХ е 39, Романија е на 50 место, следат Србија (62), Бугарија (68), Косово (75), Црна Гора (77), кај Хрватска (78) е регистриран голем пад поради убиствата врз новинарите, додека Турција е (122).




