Договор ОН за борба против корупцијата-некои земји го попречуваат ефикасниот механизам за мониторин
11.11.2009 По три дена од преговорите , две групи на земји сè уште се во двоумење околу тоа дали договорот на ОН ефикасно ќе се справи со корупцијата. Една мала група на земји во моментов врши притисок со предлози за механизам за повторно оценување кој ќе го ублажи спроведувањето до точка на сериозно нарушување на договорот. Овие предлози ризикуваат да ја остават Конвенцијата без заби.
Корупцијата сериозно ја поткопува демократијата, човековите права и одржливиот развој. Било каков договор е силен како и негова имплементација. Додека Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата (UNCAC) има потенцијал да стане глобален анти-корупциски стандард, со ефикасен и транспарентен механизам за оценување ќе биде повеќе од едно парче хартија.

