ЕУ ги опомена партиите за изборните трошоци

election2006

12.11.2007 И владејачките и опозициските партии остануваат глуви на забелешките на Европската комисија дека во последната изборна кампања потрошиле повеќе пари од дозволеното, без да се знае нивното потекло. Во ВМРО-ДПМНЕ и во СДСМ немаат конкретен одговор на ваквите забелешки и кратко повторуваат дека работат според прописите. Во Извештајот од ЕК е наведено дека партиите во последната изборна кампања потрошиле повеќе пари од сумата предвидена во Изборниот законик, дека многу донации се од непознато потекло, особено во форма на реклами во медиумите со драстично намалена цена.

Експертите сметаат дека партиите постојано и успешно ја избегнуваат темата злоупотреби при финансирањето на изборната кампања. Не сакаат да ги објават имињата на фирмите што ги финансираат нивните кампањи, зашто со тоа ќе ги откријат најголемите бизнис-врски во државата.
 

Прочитај повеќе

Македонија 35-та во светот според рамноправност на половите

gender

09.11.2007 Македонија, според индексот на рамноправност на половите е на 35-те место во светот, покажаа податоците на најновото истражување на Светскиот економски форум, кое опфаќа 128 држави.

Првите места според рамноправноста на половите во економијата, политиката и образованието ги држат нордиските земји Шведска, Норвешка, Финска и Исланд, најлошо рангирана европска држава е Турција, а последните три места во светот ги делат Пакистан, Чад и Јемен.

Од земјите во регионот најдобро е рангирана Хрватска на 16 место, Бугарија е 25-та, а зад Македонија се Словенија (49), Албанија (66), Грција (72) и Турција (121).
 

Прочитај повеќе

Напредокот на Македонија во транзицијата оценет со 3,1-3,2

ebrd

09.11.2007 Македонија за остварениот напредок во транзицијата во 2007 година доби оценка помеѓу 3,1 и 3,2, во извештајот што денеска го објави Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

Просечната оценка е добиена врз база на девет индикатори, со кои се мерат структурните и институционалните реформи. Оценките се движат од најлоша 1 до најдобра 4+, која означува високоразвиена пазарна економија.

Прочитај повеќе

Трошоците за владините кампањи врвна тајна

investmac

09.11.2007 Владината рекламна кампања на домашен и на меѓународен план не спласнува. И покрај бројните настојувања на јавноста, на медиумите и на невладини институции да се даде отчет за потрошеното и за ефектите од кампањата, од официјалните места и натаму молк. Во најдобар случај, одговорите се сведуваат на своевидни ребуси, од типот дека бројките се во Буџетот.

Владата, сепак, тврди дека процената на „Утрински“ за износот на кампањите е претерана, но не открива колку средства се издвоени за маркетинг-кампањите за привлекување странски инвестиции.

Прочитај повеќе

Нема потпис за хотелското земјиште кај „Рамстор“

hotel

07.11.2007 Нема потпис на купопродажниот договор за земјиштето кај „Рамстор“ предвидено за изградба на луксузен хотел иако поминаа речиси два месеци откако невладиниот сектор и опозицијата за прв пат обвинија дека актуелната Владата го наместила јавното наддавање во корист на бизнисменот Орце Камчев. Во Министерството за транспорт и врски соопштија дека се чека за целиот случај да се изјасни Јавното обвинителство и дека тоа е главна причина што се одолжило потпишувањето на договорот. Оттаму додадоа дека фирмата-победник на јавното наддавање веќе ги уплатила потребните средства.
– По обвинувањата за нерегуларности во постапката за отуѓување на земјиштето, Министерството за транспорт и врски целокупната документација ја достави до Антикорупциската комисија, Јавното правобранителство и Јавното обвинителство. Првите две институции откако ја разгледаа документацијата ни доставија мислење дека не гледаат нерегуларности во целиот случај, меѓутоа се уште чекаме одговор од обвинителството – велат во Министерството.

Прочитај повеќе

Информациите се губат во лавиринтите на обемните ресори

plakatpi

07.11.2007 Најголемиот број од службените лица не знаат од кое одделение или од кој сектор во институцијата каде што се вработени да побараат податоци за граѓаните. Талкајќи и тропајќи од врата на врата, тие не успеваат да добијат или да комплетираат информација дури ни во законските 30 дена. Одисејата за добивање информации од јавен карактер можеби е најприсутна во министерствата за труд и социјална политика, одбрана, внатрешни работи, транспорт и врски.

Службениците во ресорот што ја покрива сферата на социјалата се први на листата што треба да бидат санкционирани за непочитување на законот. Станува збор за вкупно три прекршочни казни, секоја во износ од 20.000 денари, за кои во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер не знаат дали се наплатени.

Прочитај повеќе

ЕК без датум за преговори со Македонија за членство во ЕУ

eu-maced

06.11.2007 Македонија нема датум за преговори за членство во Европската унија (ЕУ) во најновиот извештај на Европската комисија објавен денеска во Брисел и тој момент е одложен најмалку за една година.

„Македонија има голем прогрес во битката со корупцијата. Политичките конфликти што продолжуваат, малку го одолжуваат нејзиниот дијалог (со ЕУ) и затоа, овој политички дијалог ќе треба да се подобри, за да се подобри нивниот (на Македонија) моментум следната година во исто ова време“, изјави еврокомесарот за проширување Оли Рен при презентација на извештајот.

Македонија во извештајот е пофалена и за економските реформи, а критикувана е за реформите во јавната администрација и правосудството.
 

Прочитај повеќе

Привремените објекти кријат можност за корупција

corruption_happens

06.11.2007 Повторното воведување на категоријата привремени објекти со последните предложени измени и дополнувања на Законот за градење создава непотребен извор на можна корупција. На тоа упатува и досегашното искуство, па оттаму не е препорачливо враќање на привремените објекти. Ова е ставот на Државната комисија за спречување на корупцијата, која откако го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, констатираше дека и покрај неговата современост, бидејќи во себе содржи начини за решавање на дел од проблемите од областа на градежништвото, сепак, неговата содржина не е приспособена на нашите прилики, што придонесува тој да создава можности за злоупотреба во практичната примена.
 

Прочитај повеќе

Мислење на ТНК за отуѓување на градежното земјиште лоцирано зад трговскиот центар Рамстор

31.10.2007 Во врска со дополнително добиените материјали од Министерството за транспорт и врски со кои се комплетира целокупната документација  која се однесува на постапката за јавното наддавање за отуѓување на градежното земјиште лоцирано зад трговскиот центар Рамстор, сопственост на Република Македонија, наменето за изградба на хотел, каде понудувачот ХЛХ МАЦ ЛЛП ДООЕЛ Скопје е избран…

Прочитај повеќе

Финансиска и Рамковна спогодба Македонија – ЕК

mac-euflag

30.10.2007 Македонија е прва земја во регионот што ќе ја потпише Финансиската спогодба со Европската Комисија (ЕК) со што ќе може да ги користи средствата од Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Ова го соопшти Секретаријатот за европски прашања по повод денешното потпишување на Финансиската и Рамковната спогодба меѓу македонската Влада и Европската Комисија

Прочитај повеќе