Кога правдата им врти грб на праведните

whistleblowers.jpg

18.03.2016 Братот и сестрата Грана Богдановска и Јовица Стоилковски од Куманово, пред 15 години се израдувале дека се единствени наследници на дедовиот имот вреден еден милион евра. Но, кога почнале со постапка за денационализација на земјиштето, дознале дека некој со релации во Судот и во Комисијата за денационализација ги искористил нивните документи и го приграбил имотот. Оттогаш почнува битката на наследниците со државните институции, кои наместо да ги заштитат, ѝ овозможиле на другата страна да го продаде имотот, кој до денес е неколкупати препродаден со цел да се искомплицира случајот и правдата да ја направи недостижна.

На излезот од Куманово кон Свети Николе е лоцирана индустриската зона, во која се сместени десетици компании, производствени погони, стоваришта, магацини… Забележливо е дека индустријата на периферијата на Куманово полека зема замав и дека тука цената на квадрат земјиште постојано расте. Ако пред десетина години сопствениците на земја ја продавале за 10 до 20 евра на првите што решиле да ризикуваат со отворање бизнис, сега квадрат на кој може да се изгради индустриски капацитет, со оглед дека земјиштето е градежно, достигнува и до 60 евра. Како што се зголемува интересот на бизнисмените така се зголемува и цената.

 

 

Прочитај повеќе

Писмено обраќање до претседателот на РМ

Почитуван Претседателе Иванов,

Транспаренси Интернешнел Македонија Ви се обраќа по повод Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија, со која Законот за измени и дополнувања на Законот за помилување (Сл.Весник на РМ бр.12 од 28.01.2009 година) се прогласува за противуставен и поради тоа се укинува, а во ваша надлежност се враќа можноста да помилувате лица гонети или осудени, меѓу другото, и за кривични дела на корупција при гласање и избори. 

Ви се обраќаме со ова писмо со барање да се воздржите од посегнување по Вашето право за помилување на лица гонети или осудени за некое од овие кривични дела. Таквиот чин може да нанесе голема штета на борбата против корупцијата во земјата и уште повеќе да ја намали довербата на граѓаните во капацитетот на институциите да се справат со неа во време кога со стапување на сила на Законот за укажувачи тие треба да се охрабрат да пријават коруптивно однесување.
 
 
Прочитај повеќе

Покана за прес-конференција

16.03.2016 На 16.03.2016 година (среда), со почеток во 11:00  часот Transparency International-Macedonia (ТИ-Македонија) и Центарот за Економски анализи (ЦЕА) ќе одржат заедничка прес-конференција.

На прес-конференцијата ќе бидат претставени досегашните резултати од проектот “Мониторинг на трошењата од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес” кој го спроведуваат Транспаренси Интернешнл-Македонија (ТИ-М) заедно со Центарот за економски анализи (ЦЕА).

Прочитај повеќе

Повеќе од две години чекаат решенија за државни службеници

whistleblowers.jpg

14.03.2016 Во јавноста често пати се пишува за условите во кои се наоѓаат притворениците и затворениците, а многу ретко за оние кои се од другата страна на решетките, вработените во затворите. 
Конечно и тие решија да го кренат гласот и да се изборат за своите права. Дури 16 години им ветуваат дека ќе добијат зголемување на платите, а повеќе од две години ги чекаат и законските решенија за државни службеници. Штетата е направена и веќе се брои во милиони евра.
 
Години наназад, од низа домашни и меѓународни институции Македонија добива сериозни критики за третманот на затворениците и притворениците. Или накусо речено, затворите се пренатрупани, а во нив владее тортура и криминал.
Но, освен „станарите“ во затворите, на лоши услови со години се жалат и стотиците вработени, кои, како што велат, се крајно револтирани од третманот кој го добиваат од државата. За разлика од повеќето вработени под државна капа, на кои најчесто работниот ден им се опишува како „клати врата, земај плата“, овие „буџетари“ имаат доволно стресна работа, за која се недоволно платени.
 
Прочитај повеќе

Проект-Мониторинг на трошењата од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес

izbori2016.jpg

 
ИЗВЕШТАЈ ЗА МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ
 
11.03.2016 Во рамки на проектот “Мониторинг на трошењата од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес” кој го спроведуваат Транспаренси Интернешнл-Македонија (ТИ-М) заедно со Центарот за економски анализи (ЦЕА), во прилог е месечниот извештај за месец февруари 2016 година.
 
 
 
Прочитај повеќе

Реакција до медиуми

01.03.2016 Транспаренси Интернешнел Македонија изразува загриженост поради Одлуката на Уставниот суд од 24.02.2016 година со која се врши интервенција во членот 1 од Законот за помилување и на тој начин му се овозможува на Претседателот на Република Македонија да помилува лица осудени, меѓу другото, и за кривични дела на корупција при гласање и избори, како и да спречи нивно кривично гонење.

Борбата против корупцијата во Република Македонија оди бавно и тешко, што беше потврдено и во извештајот на експертската група предводена од Рајнхард Прибе, која утврди дека нашата земја се соочува со проблеми во оваа област. Во него меѓу другото се нагласува неопходноста од соодветно реагирање на нерегуларностите утврдени од меѓународните набљудувачи, вклучително на изборната корупција и на политичката инволвираниот во изборните манипулации. 

Овој чин е во спротивност и со меѓународните стандарди, а посебно со препораките на ГРЕКО (Група на земји против корупцијата) да се обезбедат механизми за казнување на сторителите на кривични дела поврзани со корупција и изборни манипулации и да не дозволи простор сторителите да ги избегнат казните за она што го сториле. 
 
 
Прочитај повеќе

Проект-Мониторинг на трошењата од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес

izbori2016.jpg

 

ИЗВЕШТАЈ ЗА МЕСЕЦ ЈАНУАРИ

16.02.2016 Во рамки на проектот “Мониторинг на трошењата од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес” кој го спроведуваат Транспаренси Интернешнл-Македонија (ТИ-М) заедно со Центарот за економски анализи (ЦЕА), во прилог е месечниот извештај за месец јануари 2016 година.

 

pdf mesecen_izvestaj_januari_2016 635.15 Kb

 

 

  

 

 

Прочитај повеќе

Потпишан меморандум за соработка за формирање на платформа за набљудување на изборите

 

press110222016.jpg

11.02.2016 Граѓанската асоцијација „МОСТ“, Институтот за комуникациски студии, Транспаренси Интернешнл – Македонија, Центарот за економски анализи и Цивил – Центар за слобода, денес потпишаа Меморандум за соработка со цел формирање на транспарентна и инклузивна платформа за соработка и комуникација базирана на Декларацијата за глобалните принципи за непристрасно набљудување и мониторинг на изборите од страна на граѓански организации, како и промоција на заеднички стандарди и начини на однесување во текот на процесот. Декларацијата е потпишана на 3 април 2012 година под покровителство на Обединетите Нации, поддржана е од страна на повеќе меѓувладини организации, а потпишана е од страна на 160 невладини организации од целиот свет.
 
 
 
 
 
Прочитај повеќе

Министерството за правда ги замолчува „свиркачите“?

whistleblowers.jpg

 29.01.2016 Македонија од неодамна може да се пофали со новиот Закон за заштита на укажувачи, кој во најмала рака ја отсликува волјата на државата да ја зајакне борбата против корупцијата и незаконското работење бидејќи конечно им се нуди заштита на тие што ќе се осмелат и ќе пријават. Но, и покрај доброто законско решение, сите очи се вперени во институциите што треба да го спроведуваат. Најповиканата институција, Министерството за правда веќе затаи. Не го испочитува рокот за донесување на подзаконските акти, со што уште од стартот ја загрози примената на законот

Споменици не се поставуваат само во Скопје. Неодамна во Берлин, на еден од централните плоштади, беше поставена статуата „Светото тројство свиркачи“ (Асанж, Сноуден и Менинг).
Но, за разлика од кај нас, каде што спомениците се поставуваат за извлекување државни пари и „јакнење“ на патриотизмот, споменикот поставен во Берлин, не само што ги слави „свиркачите“ (лица кои како судијата во спортот предупредуваат на кршење на правилата), туку и ги охрабрува другите обични граѓани да прозборат јавно. 
Статуите на тројца мажи во природна големина стојат на три столчиња, како да говорат на импровизиран јавен собир. Веднаш до нив има четврти, празен стол. Тој е поставен за секој граѓанин што  сака да застане и да каже сѐ што сака.
– Тие ја загубија слободата поради вистината, па не потсетуваат колку е важно да се знае вистината, вели креаторот на статуата, италијанскиот скулптор Давиде Дормино.
 
 
Прочитај повеќе

ИНДЕКС НА ПЕРЦЕПЦИЈА НА КОРУПЦИЈАТА ЗА 2015 ГОДИНА

Корупцијата е сеуште висока, но во 2015 се наѕира малку надеж

Транспаренси Интернешенл ги повика сите, од секаде да пријават корупција

27.01.2016  Берлин– 2015 покажа дека ако луѓето работаат заедно ќе успеат во борбата против корупцијата. Иако, корупција на глобално ниво сеуште е висока, многу земји ги подобрија, а помалку ги влошија своите резултати во во 2015, според Индекс на Перцепција на Корупцијата (ИПК).  
Сѐ на сѐ, 2/3 од 168 земји во 2015 имале резултат под 50, на скала од 0 (висок степен на корупција) до 100 (низок степен на корупција). 
Сепак во земјите како Гватемала, Шри Ланка и Газа граѓанските активисти во групи и поединечно се бореа напорно против корупцијата, праќајќи силна порака што ги охрабруваше другите да преземат одлучувачки дејства во 2016. 
 
 
 
 
 
 
 
Прочитај повеќе