Фридом хаус: Македонија делумно слободна
23.01.2014 Во најновиот извештај на Фридом хаус се оценува состојбата со слободата во 195 земји и 14 територии во текот на минатата година. Секоја од нив добива оценки во две категории: политички права и граѓански слободи. Највисоката е единица, а најслабата е седумка. Македонија и годинава за двете категории е оценета со тројка. Од регионот во истата група на делумно слободни уште се и Босна и Херцеговина и Косово, додека Србија, Црна Гора и Хрватска се наоѓаат во групата на слободни земји.
Всушност, како што се наведува во извештајот, повеќето европски земји покажуваат висок степен на почитување на демократските стандарди и граѓанските слободи и покрај тоа што некои од нив се соочуваат со растечки национализам како одговор на бранот имигранти.
Сепак, во Европската унија лани не бил забележан пад на оценките.

