Совет на Европа: Македонските судови работат поефикасно

councilofeurope.jpg 20.09.2012 Комисијата за ефикасност на правосудството на Советот на Европа денеска го објавува извештајот во кој се прави евалуација на европските правосудни системи.
Извештајот на Советот на Европа на 458 страници нуди споредбени табели и анализи во повеќе области, како буџетот кој се издвојува за правосудниот систем, организацијата, бројот и составот на вработените во правосудниот систем, времетраењето на судските процедури, бројот на адвокатите, родовата застапеност кај судиите и обвинителите, начинот на кој се регулира односно решава приливот на предмети, користењето на новите технологии во правосудните процедуир (е-правда) итн.
Од анализата на податоците изнесени во извештајот за Република Македонија, во споредба со претходните извештаи е забележан позитивен тренд.
 
 
Прочитај повеќе

Нов обид да секнат „црните“ пари во партиските буџети

greco.jpg 19.09.2012 Македонија ќе имплементира нова тура препораки на ГРЕКО (Група на држави во борба против корупцијата) во Законот за финансирање на политичките партии, откако со ланските интервенции не успеа да ја задоволи меѓународната организација. Во последниот извештај на ГРЕКО (од 23 март оваа година), особено ако се чита меѓу редови, со оглед на тоа што странците се трудат и низ нивните критики да провејува позитивен тон, може да се види сериозен револт од обидот на македонските институции да му „продадат“ (на ГРЕКО) безначајна интервенција во Законот како да е суштинска измена.

Една од главните препораки на ГРЕКО беше да се определи едно тело кое ќе врши надзор врз финансиското работење на политичките партии, што резултираше со одлуката оваа обврска да му припадне на Државниот завод за ревизија. Но, освен тоа што Заводот веќе не можеше да ескивира и да ја дели одговорноста со други институции, не беше направено ништо со кое тој би се поттикнал поревносно да го открива или да го превенира криминалот поврзан со партиските пари. „ГРЕКО мора да потенцира дека имплементацијата на препораката бара мошне пообемни промени во сегашниот систем на надзор“, пишува во извештајот на организацијата, која на крајот заклучува дека препораката не е имплементирана.
 
 
 
 
Прочитај повеќе

Колкав непријавен имот кријат анкетните листови ?

money.jpg 10.09.2012 Само против три лица се води прекршочна постапка од почетокот на оваа година поради манипулации поврзани со анкетните листови за имотната состојба кои се поднесуваат до Државната комисија за спречување на корупцијата. Според информации од Комисијата во периодот од јануари до јули 2012 година Комисијата до надлежниот суд поднела 9 барања за покренување на прекршочна постапка поради неподнесен анкетен лист, дадени нецелосни податоци во анкетниот лист или непријавена промена на имотната состојба.
 
 
Прочитај повеќе

Порастот на обвиненијата преставува потешкотија за користење на поткупот во странство

ti.jpg 07.09.2012 Законите кои за економските оператори (компаниите) пропишуваат забрана на давење поткуп во странство или кога сакаат да ги избегнат локалните регулативи резултираа со зголемен број на обвинентија, изјави денес антикорупциската група Транспаренси Интернешнл.
Извештајот, Извоз на корупција? Зајакнување на земјите за Конвенциајта за борба против корупција на ОЕЦД – Извештај за напредокот 2012, покажува дека обвиненијата за поткуп водат кон зголемен број парични казни, затворски казни и штета по репутацијата . Со 144 нови случаи  во 2011 вкупниот број на случаи гонети од 37 најголеми држави извознички бројката од 564 на крај на 2010, во 2011 се зголеми на 708, со уште дополнителни 286 истраги  кои се во тек.
 
 
Прочитај повеќе

Поништени тендери чекаат „подобни“ понудувачи

coins.jpg 04.09.2012 Прво се радуваше Ка-дис, а Порше Македонија се жалеше, па ситуацијата се смени, сега е обратна, Ка-дис се лути и бојкотира, па не учествува на тендерот затоа што го смета за нелигитимен, а Порше со најниска понуда (односно единствена понуда) се прогласи за победник. Па на ова, несудениот победник на тендерот поднесе барање за издавање на судска привремена мерка, додека полицијата и надлежните органи не спроведат истрага за случувањата и проблемите за време на минатото наддавање.
Но ова не е инцидент во Македонија, тендерските постапки не ретко се поништуваат со цел да се избере „подобен“ понудувач. Освен полициските возила, во моментов е актуелен и тендерот за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица. Опозицијата се сомнева дека Министерството за финансии намерно ја избрала поскапата понуда. Сомневањето го темелат на податоците дека и двете фирми не ги исполнувале условите, но сепак победник била второрангираната и поскапа грчка фирма.
 
 
Прочитај повеќе

Transparency International жали за ненадејната смрт на основачот Џереми Поуп

ti.jpg 30.08.2012 Transparency International е длабоко растажена од веста за ненадејната смрт на Џереми Поуп, еден од основачите  и стратешки  мислител кој на многу начини го симболизираше ентузијазмот и посветеноста на нашето движење во  борбата  против корупцијата.
“Заминувањето на Џереми Поуп претставува тажен момент за нас во Transparency International. Многу  години,  Џереми Поуп играше клучна улога во градењето на интелектуалната сила  која беше поткрепа  за подигање на свеста толку потребна за Transparency International. Тој беше носител на креирањето на многу  столбови  врз кои денес е поставена Transparency International” изјави претседателот на Transparency International Хјуџет Лабел.
 
 
Прочитај повеќе

Судењето против менаџерите на “Маѓар Телеком” одложено на неопределено

 magyar_telekom.jpg29.08.2012 Судскиот процес во Њујорк против тројцата директори на телекомуникациската компанија "Маѓар Телеком" (поранешен МАТАВ), обвинети дека потплатувале политичари во Македонија и во Црна Гора за да спречат засилување на конкуренцијата на овие пазари, во понеделникот беше одложено на неопределено време. Како што информираат од јужниот окружен суд во Њујорк, ова второ рочиште во судењето е одложено додека да се заврши процесот на утврдување на евентуална поврзаност на судијата со странките.

Процесот се води против Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамас Морваи, поранешни водечки лица во "Маѓар Телеком", компанијата преку која "Дојче Телеком" инвестираше во Македонија и во Црна Гора. Обвинението го покрена американската Комисија за хартии од вредност (СЕЦ).

 
 
Прочитај повеќе

Ќе испливаат имињата на корумпираните

tmobile.jpg 12.08.2012 Јавноста наскоро може да ги дознае имињата на македонските политичари кои наводно во 2005 и 2006 година примале мито од поранешните директори на „Маѓар телеком“, тогаш мнозински акционер во „Македонски телеком“. Судењето, кое требаше да почне на 8 август, е одложено за 27 август, а набргу потоа се очекува Обвинителството да почне да ги изнесува доказите за начинот на кој Елек Штрауб, Томаш Морваи и Анраш Балог корумпирале лица во Македонија и во Црна Гора.

Ова за црногорскиот дневен весник „Дан“ го најави портпаролката на Окружниот суд во Њујорк, Стефани Чирковиќ. Таа додава дека, за сега, во судскиот регистар нема никакви документи што се однесуваат на деталите во обвинението за корупција во Црна Гора.

 
 
Прочитај повеќе

Пријави Корупција достапна и како Андроид апликација

 prijavikorupcija_mk.png21.07.2012 Проектот „Пријави Корупција“ кој е имплементиран од страна на организациите Транспаренси Интернешнл – Македонија и Центар за меѓународни односи од Вашингтон ја доби и својата мобилна апликација за Андроид.
Апликацијата им дозволува на корисниците да ги пријават случаите на корупција, да селектираат категории, локација или пак да ги листаат веќе поставените пријави кои се прикачени на оваа страна.
Оваа апликација  е прва од ваков вид на Балканот, но и во Европа. Пријавите се  проверуваат од тимот кои работи позади овој проект, а верификуваните ќе бидат поставени на веб сајтот www.prijavikorupcija.org , како и автоматски на оваа апликација.
 
 
Прочитај повеќе

Оглас за работни места за канцеларии на ТИ-М во Тетово и Штип

19.07.2012 Транспаренси Интернешнл –Македонија (TИ-М) има потреба од квалификувани кандидати од Тетово и од Штип кои ќе работат во регионалните канцеларии.

1. Позиција: Правен советник – 2 кандидати (еден во Тетово и еден во Штип)

Кандидатите покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:
–    Релевантна диплома по правни науки (седми степен);
–    Положен Правосуден испит
–    Искуство стекнато со работа се смета за предност.

 
 
Прочитај повеќе