Партиските финансии остануваат во сива зона
10.02.2013 Судот во Њујорк во целост го одби барањето на тројцата поранешни менаџери на Маѓар Телеком и Дојче Телеком да се отфрлат обвиненијата за потплатување на високи македонски и црногорски функционери. Корумпираните во Македонија се наведени високи функционери во владејачките партии во 2005 година, кои биле на позиции во регулаторните агенции за телекомуникации и имале директно овластување врз распишувањето на тендер за трет мобилен оператор. околу 10 милиони долари поткупот да не биде распишан тендерот, им бил исплатен преку Грк – посредник.
05.02.2013 Новите најави за вработувања пред избори се спротивни на законите. Аминот кој Антикорупциската комисија и го дала на Владата за вработувањата е нелегален и без преседан, предупредуваат експертите.
Ако пред две недели ги повика институциите да прекинат да вработуваат во предизборието и да ги почитуваат законите, сега Државната комисија за спречување корупција реши истите да ги аминува. Агенцијата за вработување вчера го објави огласот со кој три милиони евра народни пари ќе се делат субвенции на 930 граѓани за самовработување.
01.02.2013 Изминаа 18 месеци откако стапи во сила новиот закон за градежно земјиште, но, од 84 општини во Македонија засега само 42 добиле право за управување и продажба на државното градежно земјиште.
30.01.2012 Следејќи го опасниот пример на Унгарија и Италија, Македонскиот парламент се подготвува да воведе „легална цензура“ во земјата. Ова дел од описот за состојбата во Македонија во извештајот на „Репортери без граници“ во кој земјава бележи пад од 22 места на скалата со која се проценува слободата на печатот. Како причини за ваквиот пад во извештајот се наведени одземањето на лиценци за работа на неколку медиуми и влошувањето на условите за работа за новинарите. Македонија е на 116-то место, пред нас на 115 место е Нигерија, а по нас Венецуела.
Хрватска и Србија бележат подем, првата за 4 места со што се позиционира на 64-тото место, додека втората за 17 места при што сега е на 63-то место. Пад од 6 места бележат Албанија која што стигна на 102 и Црна Гора која е на 113-тото место.
29.01.2013 Не стивнуваат рекациите во објавата во медиумите дека партијата ДУИ се финасирала од пари на министерства ,јавни претспријатија и општини.
Денеска Министертвото за земјоделство посочи дека не исплаќало пари,туку дека нивни вработени кои биле членови на ДУИ, лично доставиле трајни налози за одбивање на донации од нивните плати што било исто и како плаќање рата од кредит