Периодична публикација на Transparency International-Macedonia “АУДЕО бр.3”
criminal_usa_v_dt_agreement 1.75 Mb
sec_litigation_executives_-_usa 888.50 Kb
25.01.2012 Македонија се најде на 94-тата позиција, воедно забалежувајќи пад од лани, според слободата на говорот, стои во извештајот на новинарската асоцијација “Репортери без граници“ за 2011 година. Македонија е на дното во регионот и се наоѓа зад Словенија, која е во најдобра ползииција- на 36 место, потоа следат Хрватска на 68., Грција три места подолу. Србија според слободата на говорот се наоѓа на 80-то, а едно место подоли е Бугарија. Полоша од нашата е позицијата на Црна Гора која се најде на 107-мо место.
“Никогаш немало повеќе цензура и помногубројни злоупотребувања на физичкиот интегритет на новинарите“, е заклучокот на “Репортери без граници“ за состојбата со слободата на говорот во 179 земји за 2011 година.
09.01.2012 Мегаскандалот што американското Министерство за правда и Комисијата за хартии од вредност го открија со коруптивната афера на „Дојче телеком“ и „Маѓар телеком“, кои со поткуп од околу пет милиони евра на високи функционери од Македонија си обезбедиле сигурна позиција на пазарот, им задава сериозен удар на декларативните заложби за борба против корупцијата и криминалот во земјава.
За експертската јавност е сосема нејасно и несфатливо како Јавното обвинителство не отвора постапка со доказите кои ги објавија американските власти, но имаат доза на оптимизам дека еден ден сепак ќе се расветли овој случај, кој правно не застарува.
28.12.2011 Оценка „нула“ доби Македонија во однос на санкциите – ниту една од политичка партија во земјава не била казнета за прекршување на Законот за финансирање партии.