ТИ повикува на зголемена имплементација на анктикорупциските закони во земјите кои пристапуваат ЕУ
21.06.2011 Според последниот извештај на Транспаренси Интернешенл, кој беше објавен денес, Албанија, Косово, Македонија и Турција мораат да ги засилат напоритеза да се обезбеди ефикасно спроведување на антикорупциските закони. Наодите од извештајот им налагаат на владите на овие земји да градат капацитет и да го унапредат влдаеењето во институциите од клучно значење.“Постои потреба од засилена политичка волја за овие земји да се справат со проблемот на корупцијата. Обезбедувањето имплементација на антикорупциските закони е неопходно за да се осигура реален процес на пристапување и униформиран пристап кон корупцијата во земјите низ Европа“, вели Јана Митермајер, Раководител на Канцеларијата за односи на ТИ со Европската Унија.





