Скопска „единица“ ветува поголема транспарентност во работењето

15.10.2009 Недоволно ефикасна борба против корупцијата е критиката на Европската комисија во годишниот извештај за напредокот во евроинтегративниот процес на сметка на речиси сите земји на западен Балкан.
Она што може да се види на прв поглед како заедничка и тоа негативна ставка во извештаите за напредокот на скоро сите држави на западен Балкан се лошите резултати во борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Драго Кос претседател на групата држави на Советот на Европа, за Дојче веле ги коментирал наводите на ЕК за недоволно ефикасната борба против корупцијата на западен Балкан.
“Европската комисија е целосно во право. Сите овие земји имаа многу големи проблеми со корупцијата. Тоа не е ситуација само денес, тоа произлегува од историјата. Разликите, меѓутоа постојат кога ќе погледнеме што тие земји работат со проблемот корупција“, изјавил Кос.
14.10.2009 Македонија доби препорака за почеток на преговори за членство во Европската Унија.Еврокомесарот за проширување Оли Рен ова го соопшти попладнево во Брисел претставувајќи го Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.„Сега може да препорачаме отворање на преговори за членство со поранешната југословенска република Македонија“, изјави Рен „Земјата оствари убедлив напредок и суштински се осврна на клучните реформски приоритети“, истакна комесарот, осврнувајќи се на осумте одредници.
12.10.2009 Медиумите како најголеми донатори на политичките партии во изборните кампањи се најматни за септември, зад нив се нејасните трошоци на министерствата.Вака одлучија 18 уредници на електронските и печатените медиуми, кои учествуваа во анкетата Бистро – Матно на Новинската агенција Макфакс и на невладина организација „Транспарентност нулта корупција".