Корупцијата табу тема за бизнисмените
Ова денеска го посочи претседателот на невладината „Транспарентност – Нулта корупција“, Слаѓана Тасева, презентирајќи го најновиот глобален извештај посветен на корупцијата во приватниот сектор.
13.09.2009 Одлуката на Апелациониот суд во Скопје да ја укине пресудата со која ЕВН требаше да му плати на ЕЛЕМ 200 милиони евра е најбистар настан во август.
03.09.2009 Седум дена владини преговори во Виена не успеаја да ги решат разликите околу формирање на механизам за проверка на Конвенцијата на ОН против корупција (UNCAC). Неуспех на разговорите во Виена е голема пречка и предизвикува сериозен сомнеж врз можноста за ефективен механизам за испитување на спроведувањето на анти-корупциските обврски на самитот на 137 земји, која ќе се одржи во ноември.
02.09.2009 По три години од донесувањето на Законот за слободен пристап до информации институциите се уште се затворени за јавноста, покажуваат анализите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. Експертите истакнуваат дека институциите, иако се должни, сепак вешто ги кријат информациите, па затоа ги потсетуваат дека доследно почитување на овој Закон треба да опфаќа и информирање на јавноста за секоја нова реклама, спот, за секој договор за рекламни услуги платени со буџетски пари. Исто така, посочуваат дека овој Закон ги обврзува сите јавни институции да назначат службеници чија должност е да ја дадат информацијата побарана од граѓанин, новинар, медиум, невладина организација или кој било субјект, а која се однесува на сите аспекти од работењето на институцијата. Законскиот рок за добивање информација од јавен карактер е 30 дена.
31.08.2009 Македонските факултети се дават во корупција, но студентите се плашат да ги пријават поткупените професори, а надлежните молчат, тврдат неколку граѓански организации што ја истражувале оваа проблематика. Тие потсетуваат дека кај нас корупцијата е се уште табу тема, додека од светските медиуми одекнува скандалот за купување докторати на четири Универзитети во Германија, а неодамна јавноста ја потресе и акцијата „Индекс“ во Хрватска, во која беа уапсени стотина корумпирани професори.
Немањето на институција која ќе ги заштити студентите е само дел од причините зошто тие јавно не зборуваат за проблемите со кои се соочуваат во образовните лавиринти. Токму Проектот за антикорупциски мерки во образованието е иницијатор за донесување на Законот за студенстски правобранител. Од таму во специјална изјава за Антикорупција појаснуваат зошто на македонските студенти им е потребна ваква инститиција.
26.08.2009 Уплата на приватна жиро-сметка на професорот, плаќање на рака на негови блиски пријатели или негови асистенти, уплата во пошта или во банка со уплатница, на која пишува дека целта за која се уплаќаат парите е „донација за книга“… Ова се само некои од начините на кои студенти купуваат испити. Студенти што не сакаат да биде објавен нивниот идентитет ни зборуваа за ценовниците, за тоа колку ги чинеле испитите, како плаќале за нив. Но се плашат да ги кажат имињата на професорите, а уште повеќе да ги пријават во Министерството за внатрешни работи (МВР).
Тие самите признаваат: „Ние не сме жртви, еднакво сме одговорни за коруптивните дела колку што се и професорите и нивните посредници“.
Транспарентност – Нулта корупција: Корупција има, но нема кој да ја пријави
25.08.2009 Во врска со вчерашната вест објавена на веб порталот Кирилица ( http://antikorupcija.kirilica.com.mk/antik.asp?id=30489 ) , која одекна како скандал во сите светски медиуми, за купување на Докторати на четири Универзитети во Германија, побаравме мислење од Транспарентност Нулта корупција, до каде се наоѓа Македонија во лоцирање и санкционирање на појавите на корупција во високото образование.
Според Транспарентност Нулта корупција во Македонија за жал корупцијата во образованието се уште претставува табу тема. Иако постои висок степен на перцепција за корупцијата, активностите и борбата за незјино сузбивање според нив се многу мали или подобро кажано невидливи или осетливи.