Просечни во борбата со корупцијата, слаби со парите за кампањите
18.02.2008 Со предзнакот „просечна држава во однос на корупцијата“ Македонија се најде на 24-то место од вкупно 57 држави, според светското истражување што во последниве месеци го правеше водечката американска невладина организација „Глобал интегрити“. Неколку стотици новинари и 100 истражувачи од матичните држави вчера го објавија конечниот извештај што се однесува на работата на владините институции и на реформите во борбата со организираниот криминал и корупцијата.Општиот заклучок е дека речиси сите 57 држави што беа предмет на истражување имаат проблеми со регулирањето на парите што се вртат во политиката, односно финансирањето на политичките партии и на кандидатите.


