Заглави тендерот за “Чебрен” и “Галиште”
06.10.2008 Изборот на инвеститор за хидроцентралите на Црна Река, "Чебрен" и "Галиште" пак заглави, иако според официјални владини извори нема никакви пречки или причини за застој на тендерот на кој понуди дадоа германската компанија РЊЕ и австриската "Вербунд". "Министерството за економија ги достави сите потребни документи до Владата и неделава информацијата треба да помине на комисијата за економија, по што следната недела треба да се разгледа и на владина седница", изјави Дураки.
Од Министерството за економија велат дека внимавале инвеститорите да добијат еднаков третман во тендерската постапка.


