Барометар на корупција за месец Април 2008 г.
11.05.2008 Високата парична казна што Основниот суд во Битола му ја изрече новинарот на Битолски весник, по обвинение за навреда на судија на апелациониот суд во Битола, е најматен настан во април.
Ова е оценка на 18 главни уредници во највлијателни печатени и електронски медиуми во Македонија, во месечната анкета „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“.
На листата на бистри настани два предлога имаат по 9 гласови. Тоа се: најавата на Антикорупциската комисија дека ќе испитува за одлуката на Владата за 5.000 вработувања во јавната администрација, како акцијата на Сојузот на студентите во борба против корупција.

