Награда за добро корпоративно управување

 nlb_certificate

05.10.2007 НЛБ Тутунска банка освои сертификат за добро корпоративно управување во изборот организиран од Транспарентност – нулта корупција во соработка со стопанските комори во земјава. Наградата за успешно корпоративно управување се доделува првпат.

 

Во рамките на проектот за избор на компанија со добро корпоративно управување, тим на експерти составен од претставници на стопанските комори, јавниот сектор, универзитетски професори и претставници на медиумите и невладиниот сектор, подготвија листа на критериуми врз основа на кои се изврши изборот на компаниите. Критериумите се однесуваа на активностите на менаџментот на компанијата, односот кон вработените, комуникацијата со потрошувачите, релациите со снабдувачите, како и придонесот на компанијата во заедницата и околината во која дејствува.

 

Прочитај повеќе

Нула толеранција за корупцијата во Македонија

  ap031007

03.10.2007 Македонија почна да создава фронт за борба против корупцијата, но уште многу треба да стори во јакнење на независноста на истражните и судските органи, на невладиниот сектор и на демократијата.

Ова е оценка од конференцијата што во организација на Невладината организација „Транспарентност – Нулта корупција“ е одржана денеска во Скопје. На конференцијата за спроведување на Декларацијата за нула толеранција на корупцијата, што е потпишана пред две години, зборуваше доктор Слаѓана Тасева.

На претставници на пет организации им беше врачена наградата за успешно корпоративно управување, што се доделува прв пат, во рамки на спроведувањето на Декларацијата за нула корупција. Добитници се две фирми од областа на ИТ технологијата – Дуна компјутери и Инет- АД, две банки – Прокредит и НЛБ тутунска, како и Еуролинк-осигурување.

Прочитај повеќе

Истрајната kорупција во земјите си низок приход

 ti_logo

26.09.2007 Според Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2007 година, објавен денеска од страна на Transparency international глобалната коалиција против корупцијата, поделбата на перцепираните нивоа на корупција во богатите и во сиромашните земји останува остра како и секогаш. Развиените и земјите во развој мора да ја поделат одговорноста за намалување на корупцијата и  справувањето, како со страната која дава, така и со страната која бара мито.

 

„И покрај одредени придобивки, корупцијата останува огромно одлевање на ресурси кои се потребни за образование, здравство и инфраструктура“, рече Хјуџет Лабел, претседател на Transparency international. „Земјите со низок резултат треба да ги сфатат овие резултати сериозно и да дејствуваат веднаш за зацврствување на одговорноста во јавните институции. Исто така значајно е и дејствувањето од земјите со висок резултат, посебно во уништување на корупциските активности во приватниот сктор“.

 

CPI2007_lista_na_zemji

ti_cpi_najcesto_postavuvani_prasanja

metodologija_na_cpi

cpi2007_sources_eng

Прочитај повеќе

Известување до медиумите

25.06.2007 Невладината организација "Транспарентност- нулта корупција", контакт членка на Transparency International, на ден 26.09.2007 (среда) ќе одржи прес- конференција во Хотелот Стоун Бриџ, со почеток во 11 часот.   На прес- конференцијата ќе се презентираат  резултатите од Индексот на перцепција за корупцијата (ИПК) во 2007 година којшто го објавува глобалната коалиција за борба против корупцијата…

Прочитај повеќе

Трибина „Олигархијата и македонската транзиција„

udripari

22.09.2007 Во Македонија постојат мала група луѓе што поседуваат огромни ресурси и ги користат на нетранспарентен начин да влијаат врз политичките процеси за да остварат сопствени цели.

Поради тоа Светската банка во 2006 година ја оцени Македонија како заробена земја, рече Слаѓана Тасева, поранешна членка на антикорупциската комисија на вчерашната трибина на тема „Олигархијата и македонската транзиција“, која ја организира Стопанската комора на Македонија.

 
Спорната приватизација, дали во Македонија постојат олигарси во позитивна или само во негативна конотација и кој е виновен за одливот на општествениот капитал на приватни сметки беа само дел од темите што ги зачнаа академикот Никола Кљусев, Џевдет Хајредини, поранешен Министер за финансии, Кираца Трајковска, втор човек во „Фершпед“ и повеќе новинари.

Според Тасева, отсуството на регулатива во деведесетите и шурувањето на политиката и бизнисот во текот на приватизацијата, а и денес се главните причини за лошиот епитет „заробена земја“,со кој е оквалификувана Македонија.

 

Прочитај повеќе

Екстрадицијата на Фуџимори добредојден развиток, вели Транспаренси интернешнал

  21.09.2007 Транспаренси Интернешнал ја поздравува  одлуката на Врховниот Суд на Чиле да го прифати барањето на Владата на перу за екстрадиција на поранешниот претседател Алберто Фуџимори да се соочи со обвиненијата за корупција и злоупотреба на човековите права.   Со прифаќање на пет обвиненија за корупција и две за злоупотреба на човекови права, Чиле…

Прочитај повеќе

Македонија подготвена за ЕУ во 2010

mac-euflag

20.09.2007 Македонската Влада ја определи 2010 година како краен рок за исполнување на сите неопходни услови за пристапување во Европската унија (ЕУ).

Ова денеска во Брисел го изјави вицепремиерот за евроинтеграции Габриела Конеска-Трајковска на состанокот посветен на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), неговата имплементација и на моделот на рамковните спогодби кое ќе се случат помеѓу земјите кориснички и Европската комисија.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Конеска –Трајкоска ја истакнала целосната посветеност на Владата за обезбедување на сите неопходни ресурси за да се постигне ефикасно продолжување и завршување на процесот.
 

Прочитај повеќе

Прва генерација на Академијата за судии и јавни обвинители

judge

19.09.2007 Отпочнувањето на обуката на првата генерација кандидати на Академијата за обуки на судии и јавни обвинители ќе биде свечено одбележано денеска во Скопје.

Според најавите на свечената церемонија ќе присуствуваат високи домашни и странски претставници. Воведни обраќања ќе имаат премиерот Никола Груевски, евроамбасадорот, Ерван Фуере, американската амбасадорка во Македонија, Џилиен Миловановиќ, како и директорката на Академијата, Анета Арнаудовска

Прочитај повеќе

Иницијативата за надоместокот на украден имот

 ti

17.09.2007 Транспаренси Интернешенал (ТИ) ја поздравува Иницијативата за надоместок на украден имот на Светската банка и Обединетите Нации. Ова е значаен елемент на Банката, за севкупниот напад на корупцијата.  Програмата која ќе обезбеди ресурси за помош на државите да ги лоцираат и вратат имотите изгубени низ незакоснки постапки, е повик за будење за оние кои крадат и оние кои олеснуваат или засолнуваат украден имот.

 

Корупцијата исцедува ресурси кои можат да ја олеснат сиромаштијата, болестите и неписменоста се вкоренети. Годишното граничен проток од криминални активности , корупција и даночно затајување  од страна на Иницијативата за надоместок на украден имот е проценет помеѓу  1 и 1.6  трилиони американски долари. Понатаму митото примено од страна на службени лица земјите во развој и се проценува на 20 до 40 билиони билиони американски долари годишно. Всушност овие проценки се груби еквиваленти на целосното годишно портфолио за позајмици на светската банка.

Прочитај повеќе

И Обвинителството на нишан околу пресудата за отштета на ОКТА

okta

13.09.2007 Доколку во иницијативата на поранешната влада на СДСМ до Антикорупциската комисија за преиспитување на договорот со ОКТА имаше и конкретни имиња на лица кои треба кривично да одговараат за неговата штетност и ако во изминатиот период Јавното обвинителство поведеше кривична постапка за некое лице, Македонија сега немаше да има потреба да и' плаќа на грчката компанија „Хеленик петролеум“ 53,4, односно со камати, 70 милиони долари по пресудата на Арбитражниот суд во Париз.

Со овој став на завчерашната емисија „Чуму“ на А1 телевизија се согласија вицепремиерот Зоран Ставрески, претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, поранешниот министер за економија, Стевчо Јакимовски, и поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Слаѓана Тасева.

„Во иницијативата нема имиња на надлежни лица и нивни овластувања“, рече Тасева, која додаде дека тогашна оцена на Комисијата била дека станува збор за апсурден договор што нема никакви обврски за странскиот инвеститор.

Останува до ден-денеска нејасно, рече Тасева, зошто Јавното обвинителство, иако ги имаше сите потребни документи за ОКТА, тогаш, ниту до ден-денеска, не поведе постапка за кривична одговорност.

Прочитај повеќе