Барометар на корупција за 2007 година
13.01.2007 Продажбата на ОКТА, актуелизирана со пресудата на судот во Париз е најматниот, додека екстрадицијата на бизнисменот Методија Смиленски е најбистриот настан во Македонија во минатата 2007 година.
Ова е оценката на главните уредници на 18 национални електронски и печатени медиуми во Македонија, во годишната анкета за корупција и борбата против – „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – Нулта корупција“.

