Апел за нулта корупција во бизнисот
|
24.01.2007 Приватниот сектор мора да се справи со поткупот. Домашните стопанственици вчера беа повикани да ги почитуваат меѓународните деловни принципи за справување со поткупот, да овозможат пристап до информации и активно да се вклучат во политиката за заштита на луѓе што ќе обелоденат случаи на корупција. За ова се зборуваше на работилницата „Подобрување на корпоративниот менаџмент за нулта толеранција – трговија“, која ја организира невладината организација „Нулта корупција“ во соработка со стопанските комори во македонија. – По 16 години транзиција Македонија се' уште се соочува со висок степен на корупција, што се ефектуира на многу аспекти од социјалниот, политичкиот и економскиот живот – рече потпретседателката на „Нулта корупција“, Сузана Салиу. |



28.12.2006 Царинската управа ќе врши годишен надзор врз имотната состојба на царинските работници за да ја спречи корупцијата, најави директорот Ванчо Каргов на вчерашната средба со новинарите. Каргов нагласи дека Царината во иднина ќе има цел да ја штити економијата и да ја спречи нелојалната конкуренција. 
