Реакција во врска со објавениот Конечен извештај на ДЗР за Министерството за образование и наука

udripari.jpg

 
26.10.2016 Транспаренси Интернешнел Македонија ги повикува надлежните инситуции да постапат по наодите од Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Министерството за образование и наука на сметката на основниот буџет за 2015 година, според кој се констатирани бројни неправилности при вработување на лица и ненаменско трошење на јавните пари кои ова министерство ги имало на располагање.
 
Имајќи предвид дека Извештајот на Државниот завод за ревизија содржи основани сомневања за сторени неправилности кои во себе содржат обележја на одредени кривични дела, загрижувачки е тоа што надлежните институции сè уште не реагираат на нив. 
 
Го повикуваме ДЗР согласно Законот за државната ревизија да го достави извештајот до Државната комисија за спречување на корупцијата и до ЈО на Р. Македонија со цел за нивно натамошно надлежно постапување.
 
 
 
 
Прочитај повеќе

Укажувач алармира за милионски криминал

whistleblowers.jpg

 
Владата потроши над 4 милиони евра за да го загуби „Агроплод“?!

21.10.2016 Компанијата „Агроплод“ беше тема на јавен интерес кога се изврши нејзината приватизација во 2006 година. Владата на СДСМ ја продаде, а следната владејачка гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ ја оспори и ја поништи продажбата. А потоа, наместо да ја задржи компанијата, потроши милиони од државниот буџет на меѓународен спор кој го доби, за на крајот повторно со договор да ја загуби. Новите детали, но и сомнежи за злоупотреби, во јавноста ги споделува „свиркач“ или укажувач, кој алармира за нелогичните бизнис-потези на владата, кои, пак, можат со себе да повлечат и кривична одговорност.

Странските инвестиции се адут во секој говор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Без разлика која и да е пригодата, тој не пропушта да најави нова „инвестиција“ од надвор, потенцирајќи го бројот на работните места што ќе се отворат.
Во трката да привлечат што е можно повеќе странски инвеститори, се оди и во минус, односно се чини повеќе пари се одлеваат за привлекување на инвеститорите во државата, отколку што тие го полнат државниот буџет. Па, така, државата им нуди даночни и царински ослободувања, инфраструктурна логистика и субвенции, за што се трошат милиони евра народни пари.
Странските инвеститори тријат раце од добрата заработувачка и од евтината работна сила, а владата си припишува заслуга за новоотворените работни места. Сите среќни и задоволни, освен народот, кој ги плаќа овие маркетиншки трикови.
 
 

Прочитај повеќе

Невладиниот сектор бара ревизија на парите за патни трошоци

money.jpg

 
20.10.2016 Повеќе невладини организации побараа од Државниот завод за ревизија да изврши контрола на работењето на Собранието и на државната изборна комисија

Откако во јавноста излегоа информации за фрапантните суми што пратениците и дел од членовите на Државната изборна комисија ги земаат по основ на надомест за патни трошоци за користење сопствено возило, неколку невладини организации побараа од Државниот завод за ревизија да изврши контрола во работењето на овие две институции.

Центарот за економски анализи, „Транспаренси интернешнел“, Институтот за европска политика – ЕПИ, Институтот за демократија, како и Фондацијата „Отворено општество“ упатија официјално барање до Државниот завод за ревизија за контрола за оправданоста на овие трошоци.
 
 
Прочитај повеќе

Усогласување на Законот за заштита на укажувачи со препораките на венецијанската комисија

rt_wb_27092016.jpg

 

20.11.2016 Транспаренси Интернешнл Македонија на 27 септември 2016 година организираше работилница на тема  „Усогласување на Законот за заштита на укажувачи со препораките на венецијанската комисија“ која се одржа во Хотел Соун Бриџ во Скопје.

 На работилницата се обрати Претседателката на Транспаренси Интернешнл, Д-р Слаѓана Тасева која истакна дека институциите мора да вложат напори во поглед на соодветна имплементација на законот за Заштита на укажувачи, но, од друга страна и негово усогласување со препораките на Венецијанската комисија, за кои ќе се предложат модалитети или алтернативи со кои овие препораки би можеле да бидат вградени.

Од присутните се обрати и Амбасадорот на Кралството Холандија Н.Е Воутер Пломб кој посочи дека пријавувањето е навистина важно прашање бидејќи со обезбедување на заштита на пријавувачите и со овозможувањето истите да пријават корупција и различни измами се брани јавниот интерес. Во Холандија кога се носи одреден закон секогаш се водат дискусиии и се донесуваат со консензус, и откако ќе биде донесен понатаму се рагзледува и се носат измени. Имајки ги предвид препораките од специјализираните тела како што е Венецијанската комисија, од посебно значење е тоа што Република Македонија направи клучни чекори во однос на овој закон а особено поради тоа што политичките партии изразија волја да се справат со ова прашање. Амбасадорот исто така изјави и дека се надева дека политичките партии ќе ги исполнат своите заложби кои ги направија со договор од Пржино.

 

 

Прочитај повеќе

Владата спречува „свиркачите“ да пријавуваат криминал во државните институции

whistleblowers.jpg

07.10.2016 Венецијанската комисија деновиве достави препораки за измена на Законот за заштита на укажувачите (пријавувачи на кривични дела), кој стапи во сила во март годинава, но проблемот е што тој воопшто не се спроведува. Ниту една државна институција нема определено лице кај кое ќе се пријавува криминал, нема тим кој ќе постапува по пријавите и ниту еден надлежен орган – Јавното обвинителство, МВР, Антикорупциска… нема назначено службеници за имплементирање на законот. Очигледно е оти, соочена со истрагите на СЈО, владејачката врхушка се плаши од нови пријави за кривични дела

Во една есенска, ноемвриска ноќ, минути пред полноќ, по итна постапка, пратениците во парламентот изгласаа неколку нови закони и некои измени на старите. Сите произлегуваа од првиот договор во Пржино. Во жестоката дискусија околу измените во Изборниот законик, за тоа дали и како ќе гласа дијаспората, во молк помина Законот за заштита на укажувачите (пријавувачи, „свиркачи“). Истата ноќ, неуморно се гласаше за уште еден нов закон, наметнат од објавените аудиоснимки на СДСМ – Законот за заштита на приватноста. Овој закон го форсираше власта оти мораше да најде начин како да ги запре опозициските експлозии, чија содржина директно беше насочена кон демаскирање на високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ. 
 
 
 
Прочитај повеќе

ТИ-М повикува на имплементирање на Законот за заштита на укажувачи

whistleblowers.jpg

 
Транспаренси Интернешнeл – Македонија (ТИ-М) ги повикува учесниците во Пржинскиот договор да ги исполнат своите обврски и превземаат соодветни мерки за успешно имплементирање на Законот за заштита на укажувачи, при тоа, имајќи ги во предвид препораките од страна на Венецијанската комисија
 
07.10.2016 Венецијанската комисија во извештајот наведува дека усвојувањето на Законот за заштита на укажувачи беше резултат на голем политички договор, со кој се тежнееше да се постигне нормализирање на политичкиот живот во земјата во одредени околности. Меѓутоа, иако законот стапи во сила на 19 октомври 2015 година, а започна да се имплементира од 18 март 2016 година, институционалните механизми во практика се имплементираат со потешкотии.
 
 
Прочитај повеќе

Реакција од Транспаренси Интернешнл – Македонија

 

whistleblowers.jpg

06.10.2016 Здружението Транспаренси Интернешенел изразува негодување во врска со неизгласувањето на измените на Законот за заштитени сведоци предложено од страна на Специјалното јавно обвинителство, а за кое се расправаше и гласаше на седницата одржана на 04.10.2016 година.
Транспаренси Интернешнел Македонија смета дека предложените измени се од голема важност за борбата против корупцијата која во моментов се случува во Република Македонија. Соодветната заштита на сведоци е од суштинско значење во водењето истраги во случаи на корупција. Тие по својата природа се такви што вклучуваат големи ризици за сведоците кои би можеле да откријат важни информации за откривањето на криминалот. Поради тоа, нагласуваме дека Република Македонија мора да го направи секој можен чекор кон обезбедување што е можно поголема заштита за сведоците во ваквите истраги.
  
 
 
Прочитај повеќе

Десет години пријавува криминал во охридската полиција, МВР молчи!

whistleblowers.jpg

 
26.08.2016  Сообраќаецот Стевче Стевоски од селото Елшани, Охридско, на 12 август годинава го казнил командирот на полицијата, Владо Силјановски, со 800 евра глоба затоа што со своето нерегистрирано возило претекнувал на полна линија. Стевоски трпел мобинг да ја смени пријавата, а веќе една деценија откако со МВР раководат министрите Јанкулоска и Чавков, пријавувал организиран криминал меѓу своите колеги, местење избори, шверц на автомобили и насилство, но во Скопје неговите пријави завршувале во фиока. Уште полошо, тој бил казнуван и шиканиран!

Информацијата дека сообраќаен полицаец му напишал казна на командирот затоа што непрописно претекнувал на полна линија и затоа што сопственото возило не му било регистрирано на прв момент прозвучи како вест од рубриката Верувале или не. Не дека такви примери нема ако се пребара на интернет, иако доминираат случаите од демократските и цивилизираните држави. Но, дека во вмровско режимско време подреден може да му се спротивставил на претпоставен, уште му напишал и казна од 800 евра и потоа под силни закани и притисоци полицаецот не попуштил за да ја отпише пријавата, е тоа, ако ништо друго, е за во рубриката Хероите од нашето маало.
 
 
Прочитај повеќе

Кратовска фирма одбива да исплати отштета за смрт на работник

whistleblowers.jpg

 
15.07.2016 Како „Силекс неметали“ со огромни долгови кон државата заврши во ликвидација 

Семејството Левковски од Кратово раскажува дека фирмата во која нивниот татко работел три децении „Силекс неметали“ одбива да исплати отштета за неговата смрт на работното место, иако за тоа има и правосилна судска пресуда. Но, за тоа веќе е и доцна, бидејќи според Левковски, од неодамна фирмата оди во сомнителна ликвидација. 
Огорчени од нелојалноста и од нечовечноста, оштетените истражуваат како со години успешната фирма наеднаш тоне во долгови и загуби, а нејзината работа ја презема новоотворена фирма, со речиси идентично име, сместена на иста адреса. Поради сомневањата за манипулации и незаконско делување, семејството поднело неколку кривични пријави против раководните лица на компанијата
 
Правдата во Македонија е бавна, а најчесто и недостижна, но дури и кога ќе се дочека, поради многуте години поминати низ судските лавиринти, таа честопати не може да се спроведе. Ова значи дека си добил пусулче во рака дека си во право, но не го добиваш и она што законски ти следува.
Вакво негативно искуство доживеало семејство од Кратово, кое изгубило осум години барајќи обесштетување за својот починат татко, кој животот го изгубил на работното место. Поточно, откако судот конечно пресудил минимален надомест, за разлика од оној со кој на политичарите им ги залекува душевните болки предизвикани од „клевета или навреда“, сега не можат да го наплатат. Под сомнителни околности, фирмата завршила во ликвидација. И тоа не само со долгот кон ова семејство, туку со неплатен цех од околу 1,5 милион евра кон  други физички и правни лица, но и кон државата. 
 
 

Прочитај повеќе

Известување до медиуми

civica-logo.png

 15.07.2016 Транспаренси Интернешенал Македонија во соработка со здружението Зелена Лупа, започнаа со реализација на граѓанската акција „СИТЕ ЗАЕДНО ПО ПАТОТ ДО ПРАВДАТА“, која што е поддржана преку програмата за развој на граѓанското општество на „Цивика Мобилитас“.  

На 14 јуни официјално започна со работа канцеларијата на Комитетот за заштита на правата на лицата кои се сметаат за жртви на правосудниот систем. Целта на оваа акцијата е да се даде придонес кон подигањето на јавната свест во државата за реформа на правосудниот систем, како и за потребата од правични судски процеси без дискриминација (политичка, етничка, родова, сексуална итн.). За потребите на акцијата ќе се започне со креирање на регистар и секој граѓанин кој што се чувствува жртва на правосудниот систем, без ралика дали лично или пак преку член на неговото семејство, ќе може да се обрати во канцеларијата каде што ќе биде примен од страна на административното лице.

Преку овој проект, за прв пат ќе се направи независна стручна експертска анализа на 12 правосилни судски пресуди, и преку конкретни примери ќе бидат дефинирани слабостите на македонскиот правосуден систем кој е предмет на постојана критика. Овој проект ќе биде добра основа и појдовна точка за идните процеси на подобрување на капацитетите и интегритетот на македонското судство.
 
 
 
 
Прочитај повеќе