ТИ-М и ЦИР го презентирааа проектот “Пријави корупција”
09.12.2011 По повод “Светскиот ден за борба против корупцијата 9ти декември“ Transparency International Macedonia (ТИ – Македонија ) на 10 декември 2011 г. (сабота) со почеток во 12:00 часот во хотелот Стоун Бриџ ќе одржи прес конференција, на која ќе биде презентирана новата алатка и проект “Пријави Корупција“ која оваа организација започна да ја имплементира…
Протестите што ја одбележаа 2011 покажуваат љутина кон корупцијата во политиката и јавниот сектор
30.11.2011 Невладината организација "Транспаренси Интернешнл – Македонија" на ден 01.12.2011 (четврток) ќе одржи прес- конференција во НВО Инфо Центар (ул. Никола Тримпаре бр. 18-1/5), со почеток во 11 часот. На прес- конференцијата ќе се презентираат резултатите од Индексот на перцепција за корупцијата (ИПК) во 2011 година којшто го објавува глобалната коалиција за борба против корупцијата…
24.11.2011 ( Загреб/Берлин) Според извештајот на Transparency International објавен денес: на финансирањето на политичките партии во пет држави од Југоисточна Европа му недостасуваат цврсти мерки за транспарентност и санкции за оние кои ги одбегнуваат.
Извештајот ги повикува Албанија, Хрватска, Косово, Македонија и Србија да обезбедат дека:
– извештаите за приходите и трошоците на политичките партии се точни;
– се верификувани преку систем на надзор кој може да му се верува; и
– недостатокот на согласност со легислативата за финансирање на партиите е санкциониран соодветно.
Извештајот ги повикува телата за надзор да ги зголемат нивните напори за да ја спроведат новата и подобрена регулатива за финансирање.
shining_a_light_on_political_party_financing_eng 1.94 Mb
08.11.2011 Комисијата за спречување на корупцијата ја изгуби својата првенствена функција, да биде контролор на власта. Домашната стручна јавност посочува дека е потребна брза трансформација на овој орган, за да се врати довербата во неговата работа.
Поранешниот антикорупционер Слаѓана Тасева вели дека комисијата мора да обезбеди целосна транспарентност во работењето. Не ја исклучува можноста дека комисијата е под директни или индиректни притисоци од надвор.
„Едноставно се претвори во институција која што ги потврдува сите активности за коишто во јавноста ќе се појави било какво прашање или сомнеж во однос на трошењето на јавни пари, тендери, јавни набавки, судири на интереси или било што друго“, вели Тасева.