Шлаканица од Брисел за корупцијата
12.10.2012 Корупцијата и борбата со организираниот криминал и понатаму останува болна точка во извештаите на Европската комисија за напредокот на земјава. Последниот извештај, кој се оценува како еден од најпозитивните во земјава, по четврти пат детектира одредени слабости во справувањето со големите корупциски скандали во земјава. Во него се укажува дека е потребна силна рамка за превенција од корупцијата, особено зголемена транспарентност во работата на јавните тела и употребата на јавните фондови. Со цел да обезбеди соодветна истрага, гонење и санкционирање на случаите на корупција, телата за спроведување на законот треба да се проактивни, добро координирани и ефикасни. За да се следи успехот на актикорупциските политики, неопходно е воспоставување веродостојна судска статистика.
Претседателката на невладината „Транспаренси интернешенел Македонија“, Слаѓана Тасева, вели дека прелистувајќи го извештајот, може да се забележи дека корупцијата и понатаму останува клучен проблем.

