Известување до медиумите
05.09.2005 На иницијатива на “Транспарентност – Нулта корупција”, во рамките на проектот “Култура на законот наспроти корупцијата 2008” на ден 04.09.2008 г. е основана КОАЛИЦИЈА МАКЕДОНИЈА НУЛТА КОРУПЦИЈА. Членови на оваа Коалиција се 18 невладини организации од целата територија на Република Македонија, кои исклучиво се занимаваат со унапредување на демократските процеси на земјата. Коалицијата има за цел да се зајакне граѓанскиот сектор во делот на борба и превентива против корупцијата, развивање на системот на добро владеење на локално ниво, создавање на поволен амбиент за економски развој и квалитетни странски инвестиции, зајакнување на капацитетите на антикорупциското делување на граѓанското општество, остварување на соработка со соодветни ислични организации во регионот, како и подобрување на животот на граѓаните.